и сонцето тукушто родено, младо, го осветлува главчето на детето правејќи му ореол; тука е и дедо му Аврам со испружени раце кон него за да го крене: ”И мене мајка ми ме роди вака на нива... Нивите нам ни се породилишта...“
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Снегот уште не беше разгазен па одевме сасмо по една дира; дедо ми напред, по него татко ми, зад него Јоле, Николче па јас; зад мене мајка ми и зад неа, последна, баба ми Ѓурѓа.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Последните два дена само за тоа се зборуваше: мене мајка ми ми купи ново фустанче, мене мајка ми ми шие, мене мајка ми ми плете, мајка ми, мајка ми...
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Мене мајка ми не ми дојде ниту еднаш, рече Симон.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
И со моите, кога заедно патуваме со автомобил, со неа понекогаш го кратиме времето и обично јас прва испаѓам од конкуренција, по мене мајка ми, па остануваат брат ми и татко ми да се борат за победничкото место.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
А, брат ми пак, пред тоа, еднаш беше дури и на снимањето на филмот, кај нас во Шутка.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Имаш чуено, како да не! Јас ви раскажував, а мене мајка ми ми раскажуваше кога се врати лани од Канскиот филмски фестивал.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Како мене мајка што ми го даде кога си заминав невеста.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
- Ете како се свршило пустото наречуање од наречниците - му рекла мајка му и си го грабнала за гуша, та си го избакнала и си го оженила, та је се стори цел домаќин на куќата.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- Лели ме прашаш, невесто, прао ќе ти кажам - му рекло момчето - јас сум од фиљан град, мајка и татко немам, чунки мене мајка ми беше ме родила во една ливада и беше ме остаила тамо, та беше ме нашол еден кираџија и ме зел тој, та ме изглеал до олкав маж и од многуто прекаруање на куќните момчиња ми се здодеа и избегав овдеа колку за пакос.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Сѐ поретко ја гледав Клара. Таа повеќе не доаѓаше во болницата, ретко ја посетуваше Сара, кога доаѓаше кај мене мајка ми секогаш наоѓаше некој неубав збор за неа, и таа не се чувствуваше добредојдена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Сега таа помагаше во домовите во кои живееја жените избркани од своите сопрузи и во домовите за деца без родители.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)