Доаѓаа и разговараа над мене, не знаев кој и не знаев што, конечно легна врз мене мрак на треви или мека сенка на облак, или можеби ме фати стапица на недолговечна смрт, умирав, мислев дека сум мртов, дека смрзнатата кожа ми е гроб под кој веќе нема ни движење ни надежи, нема ништо.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но ја с душа детинска минувах През нашиј црковен праг И сос п'лна вера светци ја целувах, Немаше за мене мрак.
„Пeсни“
од Рајко Жинзифов
(1863)
И мислев дека коските ми се без тежина, ветришта свират низ нив, ќе ме покријат, заспан и без соништа, без треви и без облаци.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Внучиња, едни тагуваа што ве немаат други што ве оставаат и потоа заедно легнаа под мене мракот мој да не го видите.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)