Зашто знам дека ако е за огледало секаде околку мене во овие предели на темнината е само огледала, Но огледалото таму каде што нема светлина не е огледало.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Сега мене во овој мој посмртен живот можеби ми претстои да гледам токму еден таков филм сниман и премонтиран од сликичките на целиот мој животен живот.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
И затоа, ќе останеш кај мене во меаната, да го испечеш занаетот... трговијата.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Долу, во приземните простории, двајцата копачи, и Коле машинистот, ја спиеја кај мене во Маказар последната ноќ, спиеја во длабок сон, толку длабок и тежок, што не им даваше да сонуваат.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Помислата на Агна и на нејзиното скоро доаѓање, ме успокојуваше, Низ мене во тој момент врвеа настани и слики, слики на нежност, на подавање на рака, на галеж.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Вистина, тој е виновен што не смогна сили да ги надвладее пороците, попустите пред ѓаволот, пред суетата, пред гладта за љубов и признателност, ме урна и мене во провалија, но во овој случај, неправедно го навасала неволја.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Кога по неколку дена, откога јас се вратив, без да останам подолго со Агна во С (ја замолив, штом го привршам овој мој проект, а само накусо ѝ кажав за проектот, таа да е при крајот на подготовките за доаѓање кај мене во Маказар) и без да ги видам повеќе од еднаш ќерки ми, дојде екипа стручњаци да го разгледа и да го обележи теренот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Требаше да ѝ ја јавам големата вест за крајот на изградбата и таа од своја страна да ми јави дека конечно ја завршила студијата и дека доаѓа кај мене во Маказар.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
- Во ред - одненадеж одговори Хана - само ако ветиш дека ќе ми гледаш на кафе, а при тоа не се обидуваш да манипулираш со фактите што ти ги изнесов за мене во изминативе неколку дена.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Девојките од Скопје, кои патуваа со мене во дертмунскиот експрес, сигурно веќе работат во некоја германска фабрика.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Штом ќе завршат часовите, дотрчува кај мене во дворот.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Ѝ се предадов на стихијата да го запишувам или поточно - само да го запишувам она кое се корнеше од мене во околности (се срамувам од зборот што ќе го употребам) - на неподносливи страдања, на стравотни болки во коските.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
По два дена ги одведе во соседното село Градешница каде преседоа четири до пет дена и добро се одморија.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Кажи што знаеш — оди дома, бркај работа, ако веќе не сакаш да го идеш на гости со мене во Градешница — го отстрани Арслан Трајка од себе и му го предаде на јузбашијата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Ајде, коџабашиа, ајде пред мене, што чудиш?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— А сега, ако су јас домаќин и ме почитувате за таков, повелете сете кај мене в село на госје, — ги покани Толе сите и си го јавна Белчето.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
МНОГУ СТЕ БОЛНИ Сите околу мене во папучи?
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
А Јакуза со својата сенишна величина ги милуваше градските бази на податоци, барајќи бледи слики од мене во облик на обележани сметки, трансакции, сметки за купена стока.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
И навистина, за мене во тоа време холандскиот, шпанскиот и италијанскиот барок, или ако сакате уметниците како Халс, Рембрант, Вермер, Веласкез и Караваџо беа суштина на сликарската уметност. okno.mk | Margina #26-28 [1995] 20
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Тоа ја зголеми мојата мака: уште еден мил спомен стоеше пред мене во урнатини...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Ѕвездите мои трчаат по мене во темнината Тие безочни дрски бесрамни животинки Што се умилкуваат додека Касаат и додека поганат наоколу Вреват: ние сме гласници на мајките и на татковците Врескаат: ние сме црешови цветови Од градината на твоите мртви сестри Клај нѐ на јазикот ако не веруваш Пробај ја нашата треперлива белина ако не веруваш И лудо се смеат ѕвездите мои Што трчаат по мене во темнината И кинат кинат од моите меса Од мојот здив од мојата возбуда „Како ме пронаоѓаат?“
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Бидејќи поради тоа мене во главата ми се вкрстија поголем број сомненија и стравувања, јас, по едно пократко замислување го поставив она прашање што изгледа најмногу ми се наметнуваше.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Оти, со доаѓањето на денот, јас го имав Земанек; Земанек беше веќе во Партијата, со мене; одевме заедно на сите кружоци; тој напредуваше одлично, и набргу ме надмина и мене во Партијата; таа наша упатеност еден на друг, преку партијата, ми пружаше утеха и мене, а верувам и нему, после она што му се случи на Јан.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
А патем, некои прашања сами од себеси можеби ќе се решаваат.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Која била причината за да го прифатам?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Сепак, не разбравте, – веројатно настојуваше да ме успокои Иван – за мене во прв план е училиштето.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Се обидов да го разуверам. Спомнував некои од моите негативни искуства како резултати на избрзани решенија.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Зошто сум прифатила некој си Иван, непознат и туѓинец, да живее кај мене во сопчено?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А со кое право можев да го кажам тоа а Иван да поверува, кога и мене напати, без да очекувам и без да се надевам, луто ќе ме каснеше сомнението!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Момчето и не ми беше толку непознато колку што мислите вие - им реков.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Во тој случај на што ќе личеше моето објаснување дека тој човек е постојано со мене и покрај мене во сите овие години, а тоа значи дека тој бил и со Иван, со неговиот син?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- За непријателот да не остане - едноставно одговори дедо Васја.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
- По болницата мене во куварите ме ставија, најстар бев таму, од третата година на раѓање.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Тогаш видов дека од далеку кон мене трча камила.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Кога ги отворив очите, се укочив: недалеку од мене во песокот лежеше голем сад со вода а од него пиеја секакви животни - лисица, петел, мечка, слон.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Се заниша но не се здодржа на нозе; замавта со раце и седна пред мене во правта.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Се смениле модите, а денес тешко би можел да се најде подобар пример за ненамерен камп од оваа бизарна, екстравагантна, апсурдна, дементна костимирана драма, со сета нејзина театрална претераност, емоционална разузданост и со нејзиниот показ на моќта на еротската страст да ги испреврти нормите на семејството, на нацијата, на расата и на општествената хиерархија.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
ЛИПСИНКА: Тука ни е Барбара Бенет, работи на напис за мене во Редбук.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сигурно, тоа било тогаш, а сега е сега.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Значајно е, се разбира, за родовото кодирање на операта тоа што, како и бродвејскиот мјузикл, операта им дава на исполнителките гордо место и тоа што сижеата и музиката си ги организира околу нив, за да можат постојано да бидат во средиштето на вниманието.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
За да се објасни понатаму геј-значењето што е кодирано во известувањето што го најдов кај мене в шкафче, треба да кажам нешто за идентитетот на самата Аида и за драматичната положба во која самата се наоѓа кога ја пее аријата Ritorna vincitor!
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тука ни е Барбара Бенет од Њујорк тајмс, работи на главен напис за мене во Редбук.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Дали можеш да појдеш заедно со мене во потрага по тајните на убавините на животот?
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
И додека тој зборуваше, мене во умот, како пчела околу главата, ми се вртеше прашањето – зарем човекот треба да умре, треба да го снема од овој живот, та за него да се зборува само убаво?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Отиде до креветот на Клара, се приближи до нејзината глава, ги намести усните како да ќе ја бакне, но таа беше свртена кон ѕидот, а креветот беше превисок, и тој не можеше да стигне до нејзиното лице.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ги пуштив дванаесетте Густави да излезат пред мене во ходникот, а потоа, пред да излезам јас, најмалиот Густав се подврати.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Лежев на болничкиот кревет и си ги гледав раскрварените дланки.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Мене во болницата ме донеле луѓе кои виделе како трчам по кејот, како молам за помош, како паѓам на колена, како удирам со дланките од плочникот на кејот, како паѓам во бессознание.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тоа лето 1930 година, последното лето во нејзиниот живот, мајка остана со мене во Виена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Еднаш месечно го правев оној питачки гест – ја испружував раката за во неа да добијам од брат ми пари за живеачка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Чувствуваше дека повеќе никогаш нема да ги види ниту бањите, ниту Виенските Шуми, и затоа во нашите разговори се сеќаваше на некогашните летувања, на она што се случувало тогаш и таму – збиднувањата со внуците, разговорите со Зигмунд, Роза, Марта и Мина, а потоа гласот одеднаш ѝ се менуваше, и само ќе речеше: „А ти во тие лета остануваше овде сама.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Понекогаш одев кај Роза, која во најголемиот дел од годината беше на бања; во неделите секогаш се собиравме на ручек кај Зигмунд, а тој, по смртта на мајка, не доаѓаше кај мене во неделните утра.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Така секој ден. Петелот, штом ќе ме видеше, почнуваше да пее, а мене во истиот миг ми олеснуваше.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Мене во мојата работа ме придвижува мотивот за повеќе разбирливост, за повеќе светлина, како што вели Гете. okno.mk | Margina #1 [1994] 59
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Очајни во својата тага, малкутемина од вас што се собраа кај мене во Рим, преплашени од бесот на владетелот, заплакаа пред моите нозе и рекоа: ’Татко!
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Се сеќавам, на крајот од претстава што беше дел од содржината на еден театарски фестивал, актерот што седеше до мене во публиката, изреагира бурно токму во мигот кога еден од актерите наредени на сцената како пред стрелачки вод, почна да аплаудира.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Тие баздриѓани со бели валанки на глава севезден се молат за мене во своите аври. Игуменијата ја спуштила секирата крај него.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- За старец, ревел. - За старец, а? А мене ми се насмевнуваше, со очи ми ветуваше дека ќе појдеш со мене во Кукулино.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Зад мене во соништата остануваше провидно сребро.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Јас се определувам за прв стражар. Кој сака да биде со мене во група?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Од морски брегови сум терал камили. Евреите басмари и денес ме бараат.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Некој, најверојатно Цуцул Мицковски, си ја кажуваше маката со шупелка: тоа беше глас на жена кога реди подгрбавена на гробишта.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ревел дека срцето му е раскрвавено, дека е измамен, дека некого ќе задави со голи раце.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Тоа е добро, рекол Онисифор Проказник и се исправил.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
МЛАДИЧОТ: (Сакајќи што побргу да си отиде.) Можам ли да знам кој ќе биде со мене во собава?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
„Браво, бе, машко!“ го чув и видов Стојан Козето седнат на триножното столче едно педесетина метри над мене во воздухот, со престилка на себе и шило и чеканче в раце, “ама поќе ништо не ми треба! Сѐ имам дестур!“ и широко насмеан покажа на куповите ѓон до себе.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Се гледаме кај мене во седум. Дојди да ми го видиш парчето за матурската вечер. Потоа ќе одиме на кафе кај тебе.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Подготвувајте се со Светлана да дојдете идната сабота кај мене во Бечеј и да ја дадете вашата согласност.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Како би било, по изразот на неговото лице Рада беше сигурна дека веќе се закачил на јадицата - како би било да се преселиш кај мене во станот, и онака по цел ден е празен.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
А беше убаво младо момче, па ми беше жал да стои надвор по ладното и го викав да се стопли кај мене во дуќан.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
„Ух, бре да даде Господ да прегориш, кај мене во сокачето нозе ќе искршиш по темница, жива сијалица не свети, а овде нема никој, мислиш поради графитот е поставено осветлувањето.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Во втора година гимназија „Р. Ј. Корчагин“, како мало буце, дотерана во јакна од „Сторм“, со кошулче карирано и фармерчиња, во патики што сама си ги купи од платата заработена кај мене во дуќан продавајќи за време на летниот одмор, на пладне, заедно со неколку другарчиња поминуваше на пешачкиот премин кај „Олимписки“.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Онаа лекција на мајка ми дека добар секс се нуди за евтини пари на секое ќоше, ама дека сите се во потрага по вистинска љубов, ме додржа мене во истата кујна, до шпоретот и... добро де, и во спалната во која влегуваа туѓи парфеми и парчиња кожа под ноктите.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
А, само два часа поминаа откако се спружив на постелата до моето мило мало, стутулено до мене во клопче, како маче.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Еден ден дојде кај мене во училиштето дедо ти, изброи рамно сто жолтици и ми го раскажа ова што јас сега тебе ти го раскажувам.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Кај мене в визба имам еден куп гајби со Афро кола и не знам што да правам со нив.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Тој звук зачудо, со првата наквечерина, сега се оформуваше пред мене во проѕирна стројност и јас видов жена во движење но таква како недоразвиен развигор да лелее некоја мекост.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ја празнеше и иситнетиот камен го фрлаше во други, одамна истражени јами.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Ги средувам мислите многу полека за да го опишам подземниот живот на кој му бев дел, непозначаен од другите околу мене во мракот на јамата. Кои други?
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Тие ли се што летоска слетуваа на мене во градината? помислува.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Не може да падне во правта гледајќи ме мене во неа.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
И Потомците на блиската роднина сфатија и заиграа околу мене во пијанести пируети.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Минатата недела кај мене во дуќан дојде секретарот на Г- н Грекусис, да ме повика во конзулатот, бидејќи конзулот сакал да ме види лично и персонално.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Сигурно и за Арафат, во драматичните настани кои се вестеа во неговото парче на Палестина, средбата со мене во Париз беше епизода подложна на брз заборав, кога непосредните интереси не притискаат!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Не знам како ќе бев разбран. Ја избрав тишината за сојузник.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
ТРЕТАТА ЖЕНА: Дали ти, мајко, ја покажа својата љубов кон мене во најраните години.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Имаше многу деца а имаше и еден син колку мене кој се викаше Камбо и кој подоцна замина со мене во партизани и ме спаси од стрелање.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Кога погледнав, пред мене во недоглед се протегаше долина со густа шума, па во далечина едно ритче пошумено, само две–три куќи од селото се гледаа.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
И почнав, од дрво до дрво, дојдов до меѓата.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Прв пат таа ноќ можев да ја видам пред мене во полумракот како нестварна жена во стварноста што ме давеше, со необично издолженото лице под расфрланите коси што се сплеткуваа со сенките од букетот во високата вазна поставена во аголот на собата.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ема таа ноќ беше воздушеста, нестварна, со сè она што ми беше познато, а толку необично во играта со сенките, со голите гради, со двете танки, едвај видливи, бранчиња на стомакот и со волната од горниот дел меѓу нозете што се вплеткуваше со волната меѓу моите нозе; ја гледав благо зафрлена наназад, потпрена на рацете, првпат така целосно фатена во мрежата на сенките од розовата светлина на пред малку запалената столна ламба, од левата, и светлината на уличните канделабри, што трепереше преку завесата на прозорецот, од десната страна.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Овие прашања излегуваа од мојата уста со крв што се засируваше пред мене во воздухот и ми го замаглуваше погледот. Така по цели ноќи.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Подолу е малата река, поток, што врви всушност под мене во долот.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Денес ќе бидеш со мене во рајот.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Ти не заостануваше зад мене во одењето, чекореше со големи чекори кон манастирот.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
12 мај Надвор врне, а мене во душава ми “врне”…
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Тогаш те здогледав десеттина реда зад мене во авионот, исправен и радосен како ми мавташ.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Маките и страдањата можеби ги прават луѓето да бидат похумани, да мислат и на другите, тоа се случуваше со мене во тие моменти.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Како да се отвори пред мене во животот една голема бездна.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
- Ах, тој рулет, тоа казино, и мене во младоста ме упропасти... - издивна Татули.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Поради некаков состанок во гимназијата за избор на раководство на четвртиот средношколски младински актив ( ме избраа и мене во раководството) и поради некаква проба не сум имал многу време за со него, ама сепак е запишано И тогаш кога јадев Ичо раскажа како го презеле Воден.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Ако ѝ било пишано на Добра пред толку години и во еден друг простор, зар и ти си тргнал со нас на овој долг пат за да ме уловиш и мене во оваа проклета рамна земја само за да ја повториш приказната?
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Сега и таа самува Со мене Во самица.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
Јас самувам сам И ти велам И си велам: Отровот во бои ќе го разлеам Виножитото во рамка ќе го зберам И ќе те создадам Низ нова фабула Во Големата Книга Што немее Со мене Во мене.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
Си одбрав век за самување Крај пренатрупани куфери За заминување Во Големата Книга Што немее Со мене Во мене.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
Уште со првиот истрел тој ја погоди во колкот, таа падна на подот, а со вториот - жик - мене во левата рака, еве овде.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Ах, Аљоша, ако ти не беше таков и толку нагнетен само со самиот себе, до одвратност, до темнина, ти, веројатно ќе видеше што направи од мене во овие последни години и во каква состојба сум јас сега.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Можеби потоа ќе му помине. (На својот маж.) Ти мене во последно време некако непријатно ме изненадуваш и не ми се допаѓаш, Пол.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Деновиве му пишував писмо на еден мој соборец од тие тешки офанзиви, инаку угледен културно-уметнички деец: „Драг пријателе, Еве ме мене во центарот на светот што го сакаме, како одам од врата до врата нудејќи ги своите сценарија, идеи и соништа.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Ој ти Хатиџе анумо без фереџе за тебе ќе потрошам едно цело чекмеџе бегалка те грабам кај мене во Цирих ќе водиме љубов на кинески тепих
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
- Сум учел од тие што биле пред мене во манастиров...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Морав да поднесувам извештаи за минијатурните суштества, а околу мене во крикови или тивко, умираа луѓе, со изрази на длабока осуда, со клетва кон империјата на Сталин.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Додека тетка појде да бара фотографија на мајка си во големата кеса, мене во мислите не ме напушташе претставата за оваа жена со толку неизвесна и страдална судбина, а со толкава моќ на истрајба.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Примете ме и мене во вашиов одред? - Засега не! - одговори Горјан.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Каде ме водите далеку од мене во буднава несоница.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Сомнението што се роди во мене во врска со однесувањето на човекон од приказната кого го повикувал гласот на жена му ме поттикна да напоменам дека несреќникот веројатно заскитал во оној напореден свет воден од прилично сериозен привид?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Или, што беше уште поверојатно, гледаше во нигдината. – Извинете – реков – а каде гледате? – Нашите чекори треба да ги сообразиме со одот на времето – рече тој. – Може да се мечтае но само во границите на реалното.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Грофот гледаше низ мене во бескрајот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Инаку како да се објасни и самата помисла да се излезе низ отворен прозорец и тоа од трети кат?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Мајката, окара градскиот човек, помислив, ветерот ја насобрал сета 'рѓа од животот по ридовите за да ми ја фрли мене в лице.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Татко ми раскажуваше дека мене во торба ме носеле кога ја минувале границата. Но не објаснуваше дали се шегува.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
И таман сакаше да побегне во кујната кај мајка си, свика: - Мамо, врапче влегло кај мене во собата, - таа тогаш го здогледа.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
- Е-е-е!!! - се разлеваше, а мене во ушите ми одѕвонуваше: Кире-е-е!!!
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Сестра ми ме повлече за полата и низ плач ме праша: - Бате, Кире, ја гледаш ли мама?
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Токму така! јасно ја гледам... точка... се тетерават сенките...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Ме натегнале мене во вртелешката...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Една бела што се превртува...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
ГЛАСОВИ: (Низ смеење.) чорбаџи — Земадос...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ТЕОДОС: А ти мене во песна ме кладе...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
- Да ме запишеш и мене во списокот дека имам платено... - му вели Дачо.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
- Малку е тврдо, ама не е страшно, - рече Дино со полна уста.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Дино и мајка му си седеа во соба и си пиеја кафе, а мене во мијалникот ме чекаа сите садови светнати со мачешка плунка.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Затоа пијам многу сокови во мали голтки, јадам само малку од грозната храна на сестра Ката, се среќавам со Дејан на ѕитчето, а по полноќ кај мене во соба.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Дејан има дебели, меки, вишнови усни.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Имав чувство, небаре оставајќи го понастрана, самиот живот во течењето на еден ден, да се оддалечам од него, од ритамот на живеењето на моето потесно семејство со мене во Париз, и поширокото во Македонија, Албанија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
За мене во пишувањето немаше ниту пораз, ниту победа туку истрајување.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Едгар Морен ми се довери дека во телеграмата со благодарност која ја добил од Клод Диран, се охрабрил да му напише, во одговорот на честитката дека греши што прекинува со објавувањето на мојата балканска сага. Неговата поддршка остануваше апсолутна.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Светот е направен од челик, светот е брич, систем на жилети, без мене во него ќе се исечеш за три секунди.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Што ме гледате така глупаво. Не читате весници, господине, весници, а ако сакате да останете кај мене во служба ќе морате да бидете подобро информирани.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
КИРО: Сакаш да те однесам дома. На кафе? Да те легнам до мене во кревет?
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Наместо да си јаде во „Маргер” дојде кај мене во биртијата.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
СТЕВО: Не ме ставајте и мене во незгодна ситуација. Реков дека ќе провериме и ќе средиме.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Тој остана да живее со мене во станот.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Јанигер нѐ однесе Гил и мене во неговата приватна ординација, опкружена со книги и многу мрачна.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
А мене во мигот ми го плени погледот голема колона мравки кои во организирана права линија се движеа низ телото на едно камено божество.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Се сеќавам како таа ноќ се возевме дома на линијата Е1, чувствувајќи се толку болно и победено што се срамам да го спомнувам.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Да се важеше, претпоставувам дека сите ние би биле Казанови.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Можеби сѐ навистина заврши таа ноќ кога јас почуствував дека тукушто започнувавме, оној пат на плажата во летото помеѓу средно и факултет кога нашите тела се судрија толку очајнички што за миг помислив дека го сторивме тоа, а можеби во срцата и го сторивме, иако за мене во тоа време онадувањето во срцето баш и не се важеше.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Се свртев накај Величе која седи до мене во клупата, да видам дали таа нешто ќе стори, оти Величе е едно мошне бистро девојче кое знае да се снајде и во нејтешките моменти, ама таа не сакаше да ми возврати со поглед.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Ти ѕвонам за да те прашам дали сакаш да тркнеш до кај мене во Редакцијата за да одиме в кино.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Па, јас сум голем, - се смири малку тој, - примете ме и мене во бандата, ќе ви бидам партизански курир.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Тој влезе кај мене во соба.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
„Без сонување. За тврдо спиење. Како кога ќе се одвалиш од мене во креветот“, му вели Летка.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Јас, нели претседател, го канам да дојде кај мене в канцеларија, а тој ми вели, „Не, не, подобро да се најдеме...
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Се потсети на старецот Костадин, на неговото исушено тело и на отворените очи во кои беше напикан сиот свет. Дали ме има и мене во нив?
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Се зачудив од содржината на книгите која делуваше интересно, а за мене во минатото правото беше шаблон за нешто многу тешко и многу научно.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Тој доаѓаше неколку пати по неколку дена кај мене во Истокот на гости.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Јас го зедов со мене в кола, како и еден Италијанец што присуствувал на истата сцена, и ги одведов во конакот, кај валијата.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Но уште посреќна што сфатив дека брат ми мислел на мене во Лондон, а јас глупавата, се плашев сосема да не ме заборави, па и да не остане таму за секогаш.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- И мене – се вклучи Борче.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- И те молам, спомни ме и мене во него – ѝ рече Огне на мајка ми.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
НАЈУБАВИОТ ПРСТЕН ОД ОХРИД
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)