Послушна сум спрема нешто што во мене постојано но нерамномерно звучи, ту укажува, ту заповеда.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Појди кај нив: што ми висиш мене постојано над глава!“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Иако времето одминувше, мене постојано тоа на ум ми доаѓаше и размислував: како можеше по секое прекинување на сонот, пак истото да го сонува...
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Кога ќе го запреше дишењето, кога ништо од него не ќе се слушаше, ќе го прашаа: „Жив ли си, дедо?“ „Ахааа...“ ќе згрчеше тој.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Без да бидам вкоренет во ниедна религија, во мене постојано преовладуваше неодреден атеизам што најчесто завршуваше во рамнодушност кон мојата верска припадност.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
На блискиот крај на ова патување, а крајот за мене постојано се оддалечуваше, сè повеќе трагав по одговор на прашањето: кој беше всушност Х.Х., дали некогаш бил човек?
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)