За мене тогаш, на самиот почеток, заедничката работа ми овозможи да стекнам нови, важни искуства, поддршка и, нормално, помала одговорност (се покриваш со другиот).
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Истовремено, се случија и многу други значајни работи. шетајќи низ улиците открив еден UFO, се сеќавам дека со мене тогаш беа само Давид и Паул, но подоцна Давид во едно свое писмо ми напиша дека таму било целото негово семејство - неговата жена Ruth и неговите четири деца, а покрај нив и Ackerman, Musicmaster, Tim Harvey, Yanagi, Rhoda Mappo, Cavel lini, Andy Warhol и уште цел еден куп луѓе - целиот свет.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Рака на срце, мене тогаш многу повеќе ме интересираа серијалите од типот на „Планетата на мајмуните“ и „Емануела“, така што воајерската страст на моите сограѓани да ѕирнат во приватниот живот на некои американски парајлии ми беше комплетно нејасна и будалеста.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Кога јас првпат нему му ја кажав мојата молба, односно го замолив да ми каже дали тоа што барам е возможно или не, тој мене тогаш ми рече: „Може“, ми рече.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Јас му поверував иако сега мислам дека тој мене тогаш ме излажа колку да му се тргнам од патот со моето барање.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Јас можеби и ќе му кажев, ама мене тогаш во очите ми навреа солзи и за да не ме види, јас речиси излетав од неговата канцеларија надвор од ходникот“.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Во исто време, до мене десно легна другарка ми од детството, а карши нас, со „врски“, за мене тогаш прастара 40-годишна жена, Црногорка со два сина: Борис, тинејџер, и Горазд, стар само 18 месеци.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
За Стојанка вели: „Таа да ми подаде слатко со тие нејзини нокти, јас да јадам!“
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Мене тогаш не ми најде ни една мана, ама затоа сега ми наоѓа по сто секој ден.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
РЕВШИН: А јас паметам како покојната Маргарита Семјоновна Хофман мене тогаш ми соопшти. Го ошумоглавила.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
За тоа време, додека се седеше и се вревеше заедно, јас сепак забележав како тие тројца одвреме навреме си праќаат ишарети, додека вториот помошник пак не стана божем по мала нужда, а се задржа трипати по три големи нужди, и мене тогаш ми стана јасно дека тој ни ги враќа украдените пљачки од нивниот шлепер во нашта кола и пцува мал да си најмал да не си и да не работиш залудни работи што не ги работат постарите, кои не прават дупки во вода туку си пијат вино, зашто чаушот нивни заради шише вино си ја продаде душата и помисли дека овие клатикуровци се од наша фела, па ај да не им земаме работи што не им требаат ами да се провеселиме на нивна сметка, и до зори ако ни заоди.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Мене тогаш како рофја да ме удри...“
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
А за мене тогаш не заврши мисијата околу Беломорскиот канал.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)