Во сонот не можеш да ми побегнеш... Ме довикуваш со твојот ѕвонлив глас.
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)
Се топам во твоите прегратки, не можеш да ми побегнеш од овие сништа слатки.
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)
Сепак не го оставив да ми побегне. Бевме сами.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
А, моите лаги,исти секој ден, исти, смешни и проѕирни: „Па немаше автобус, кочан се сторив на автобуска...“, па „ми побегна пред нос“, па „се расипа на ’Јаја Паша’, па „чекав друг да дојде“ и сѐ така...
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Другар ми Горан на својот глушец мрзливец му има направено вистинска куќичка, безбедна толку што тој нема шанса да мрдне оттаму.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Ми побегна Фрањо! – рече. - Пак? – се зачудив. – Колкупати до сега истото ти се има случено, а ти никако да научиш како да го чуваш.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ништо не може да ми побегне, вели.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Едно-две, и туку ќе ми побегне погледот кон него.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Погледот ми побегна кон прстите на мајка кои и натаму ја превртуваа свеќата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Крпчето ми се измести и наместо со него, поминав со прстите по сечилото на ножот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)