ми (зам.) - прости (гл.)

Бев готова и да ползам за да ја оправдам својата невиност, да ми прости за нешто за кое што немаше што да се простува. Да барам прошка за вина која ја немав.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Жена ми сигурно уште не може да ми прости што не ѝ ја купив онаа бунда во Солун кога бевме да купуваме гардероба за оваа моја свечаност.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Господ да ми прости, тие знаат дека не мислев така.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сум направила нешто нечесно. Господ ќе ми прости.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Верувам ќе ми простиш, ти си добра.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Доцна е да молам да ми простиш. Минував пребрзо и ја одминував твојата податливост.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
„Уште сум аџамија, бегу ефенди. Ама, ќе ми простиш. Бериќатверсен, има кој да ме поучи.“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Ама знаеш како е, Бојанчо, непознати луѓе. Нека ми прости машково, ама не знаеш кои се, од каде се, што луѓе се.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Нека ми прости дедо, ама морам“ - мислеше додека го изнесуваше снопот пред колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сакам, некако, ако може, да ја најдам и да ѝ речам еден збор, да ѝ речам да ми прости на мојот простотилак, да ѝ кажам дека не сум таков.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Знам дека ми прости и дека денеска клечиш пред мене од благодарност што си имаш едно прекрасно суштество, плод на еден срам, ама го сакаш и ќе го сакаш со целата своја љубов, оти е дел и од тебе!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Нека ми простат скаменетите самовили од Леденото Езеро, ама тврдам нивните приказни за Вок со едното око се производ на лагите со опашки со кои се обидуваат да си го возобноват угледот.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
„Ќе чукнам, ќе влезам и ќе ја замолам учителката да ми прости,“ - си рече и во тој миг така стори.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
„Е да ми простиш, и јас се имам посрано в црква, и тоа сигурно пред тебе“.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
По ова, си реков, сигурно сојот никогаш нема да ми прости.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ја немаше цела недела, во која Ѓорѓија очајуваше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Пораз за нашиот машки род! Никогаш не ќе ми простеа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ќе ми простиш, нели? Секој од нас е понекогаш луд... па и ти можеби?
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Прости ми, вели Уља, прости ми ти, за да ми прости и господ. - А што да ти простам, сестрице, прашувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Така подлетнував, господ да ми прости, само кога ќе ми викнеше да отспрегниме, да растовариме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас пак, господ да ми прости, и го мразам и ми е жал за него. Ми е жал така да го гледам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)