А јас морав цело време пред него да одам ’гзеечки, за тој, главниот, да биде прв и најважен, па, кога тој ќе клекне и снимателот клекнува, за да биде „у рамнина“ со него; и сè така до крај, кога цела сала му аплаудира ’ко на херој додека со плунка ми лепи и мене на челото банкнота од која боли глава!
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Но овде добиваше таков аплауз во кој гримасите на луѓето беа како сиротите да треба да му аплаудираат лично на ѓаволот кога им игра по нервите.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)