Многу му должеа на Речникот на Флобер. Најмногу се смееја на одделни толкувања на излитените идеи како: Акционери: Сите крадци!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Изгледа дека тоа го исплаши колку и нас - толку се збуни што му го даде пиштолот на Патрик - а овој, како и секое дете на цвеќето, рече: „Мене ова не ми треба, човеку”, и му го врати револверот.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Го впери револверот во Пол и го повлече орозот* - и ништо не се случи. (“Гледаш, помислив, сепак тој само се шегува”) Тогаш го впери револверот во плафонот, повлече и револверот пукна.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Тогаш типот рече дека некој му должел 500 долари и му рекол да дојде во Фектори за тие пари да ги собере од нас.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Заедно со партнерот кој му должел на татко му четири илјади евра.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Сега можам да се качувам во светот горе и да слегувам во светот долу и да гледам кое време на кое му должи и кое го менува - минатото идното или обратно.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Премиерот, пак, веруваше дека некој нешто му должи затоа што тој дал, но притоа заборави дека тогаш кога му барале, самиот за возврат не побарал ништо.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Тој тука можеше да ја заврши прикаската за Едо Бранов од Охрид, но се сети дека на читателот му должи да му објасни како Едо Бранов од Охрид се најде во телефонската книга на Сад Диего.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
На турскиот кајмакам му должите 22 дена ангарија. Тој љубезно ве отстапи.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
За прецизните сугестии за надополна и уточнување на последната проза од оваа книга, длабока благодарност им должам на д-р Исак Нехама, ветеран од Втората светска војна и активен волонтер на Музејот на холокаустот во Вашингтон, како и на г. Роберт Бедфорд, извршен директор на Фондацијата за унапредување на сефардските студии и култура.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Удоволувајќи им на моите фактографски интересирања за сложената материја што се нафатив да ја обработам во оваа книга, г Кунио ми испрати неколку исклучително значајни книги, што претставува великодушен гест за кој му должам искрена благодарност.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Реков, додека ручавме: му должам извинување на фурнаџијата Парнаџиев. Добивме помалку ама барем послатко! ...
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Ништо не измислувам. Отсекогаш знам дека синот не може да се однесува поразлично од татка си.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
А што се однесува до нерасчистени сметки, тој и пред Војната тврдеше дека никому ништо не му должиме".
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
„Точно, Васј!“, вели татко ти. „Сметките се расчистени!“
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
А на Лумана му должиш и, ако не слушаш, едно ќе те посоветувам: отсега натаму слушај го и други марифетлаци не ти требаат...
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
" А колку многу му должи токму нему, на чичко Видан!
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Идеа поворки познати и непознати луѓе да го смируваат, да го тешат големото Мајкино срце, на кое многумина му должеа многу живот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)