Задоволен што им го виде грбот најпосле на тие пезевенци, викна колку грло што му држеше и запеа стара комитска песна.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Неговата фигурална скулптура сугерира дека настојувал дури и да создаде сурогати на човечки тела од репроматеријалите.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Како малку задоцнет свети Фрањо - во Бојс постои потреба за свето, чувство на длабока почит кон повеќекратните можности на живот - тој му држеше проповеди на животното и учеше од него.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во „Којот: Ја сакам Америка и Америка ме сака мене“, 1974, на пример, живеел и се поистоветил со едно животно -којотот - настојувајќи да ја впие неговата топлина.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Крај трупот Кузманов со тага коњот 'ржи; и уште беше тој во крв; ја копка земјата и лад со гривата му држи на стопанот и другар прв.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Гредите од куќата почнаа да пукаат, ќерамидите да паѓаат на таванот, но овој не се потпали наеднаш, бидејќи Јордан беше го засипал со земја за да му држи топло зиме.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
- А ако ја надминеш триеската, ти отиде возот - му држеше демагошки лекции Спасе.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Татко му држеше ахчилница тука на пазарот и јас таму малку и поработев како келнерче, добивав по некое левче.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Уште гроб му градиш и чест му држиш... Јас не давам раска да падне на тебе, а ти?!
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
А баба ни ќе речеше - е ајде де, ама не ме сака Борис си нашол некоја помлада таму.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Боровите што беа фиданки кога неговите синови ги засадија за да му држат сенка сега се високо кон небото.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
На свијоците ги шири крилјата како авион, скока и креска колку што му држи гласот.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Тетин ти Боге прикажуваше, не знам колку му држи тоа, оти нему многу работи не му држат, дека се случувало и долу, на фронтот на Црна, во времето на големата војна, трубите во исто време и кај двете војски да засвират починка па војниците од двата табора да го фрлат оружјето и облеката по грмушките и по рововите, едните од едната другите од другата страна на реката, и да се затрчаат кон водата, како во најголемите јуриши, кој прв ќе ја освои .
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
- Нека види Турчинот кај сме, - велел, - па ако му држи нека дојде.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
В село не му држело да се врати и избегал преку море.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)