му (зам.) - завиди (гл.)

Не мина многу време а Преспанецот си направи и базен во дворот - не да му завидуваат соседите од стар крај ами да си ја разлади маката спурен во горештините зад екваторот.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Рече дека има убава жена, скап автомобил, а наскоро и убава куќа, и затоа сите му завидуваат.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Сѐ до оној ден, веднаш спроти почетокот на Војната, кога Језекил судбината му завиде и на тоа, што му го имаше делено толку скржаво, и посегна со својата неумолива рака и тоа да му го земе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„За жал најубавото брзо минува!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А баш беше фино!“ шепотел тој од темнината додека си одел.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Човек да му завидува на недисциплинираниот среќник.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Секој што ќе се обиде да напише барем еден ред му завидува на авторот кој се осмелил да го стори тој обид пред него.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Знаев оти татко ти му завидува поради автомобилот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)