му (зам.) - издаде (гл.)

Во 2005 се воведе и изречна одредба која предвидуваше дека, при престанување на работниот однос, работодавачот е должен – најдоцна во рок од три дена – да му ги врати на работникот сите негови доку- менти и да му издаде потврда за видот на работата што ја вршел – при што, во неа, не смее да наведе ништо што би му го отежнало склучувањето нов договор за вработување (чл. 63, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
А, пак, АВРМ, ФПИОМ и ФЗО се должни да водат и трајно да ја чуваат евиденцијата на пријавите и одјавите во социјално осигурување и, на барање на лицето, да му издадат податоци за состојбата и промените во врска со социјалното осигурување.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
2. Во поглед, пак, на работната книшка, со донесувањето на ЗРО (1993) се избришаа две мошне добри одредби: прво – веќе не се предвидуваше изречната забрана дека во работната книшка не е дозволено да се внесуваат негативни податоци за работникот (чл. 49, ЗРО/90); и, второ – беше избришана одредбата која предвидуваше дека, при предавањето на работната книшка на работодавецот, овој е должен на работникот да му издаде писмена потврда за приемот (чл. 50, ЗРО/90) – што подоцна, во праксата, се покажа како плодна почва за разни манипулации и уцени врз работниците.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во почетокот на јануари 1944 година му издал наредба на командантот на сојузничките сили во Средоземјето да се повлечат британските воени мисии кои од 1941 година непрекинато претојувале кај Дража Михаиловиќ, а генералот Вилсон се обратил до Врховниот штаб со молба единиците на НОВЈ да ги прифатат членовите на британските мисии кои се наоѓале кај Дража Михаиловиќ и да им се овозможи евакуација за Велика Британија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но, одделението за сметководство на „Охис“ одбива да му издаде ваква потврда.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во однос на ова, во телеграмата упатена од Константин Фотиќ до Божидар Пуриќ, се изнесува американскиот став и се истакнува дека „еден од главните помошници на Донован ми рече дека англиската одлука за повлекување на мисиите од генералот Михаиловиќ е донесена без претходна консултација со него и дека Американците не се согласуваат со таа политика.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Кога Х.Џ. се обраќа до судот заради поведување на спорот – од него, како доказно средство, е побарана потврда за постоечкиот долг.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)