му (зам.) - намигне (гл.)

Доста му намигна на Илка да се согласи и овој рече два-три збора: — Море, ами нека ти е жива, брату, лели си кандисал да си земаш беља на глава.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако не, нека дојде, таа ќе му даде на заем. И му намигна да не ја види Илко.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Волче даде осум банки и Петруш му нареди на Мечето да му мери на стрика му Волчета пет оки основа, a со левото око му намигна да се сети какви треба да бидат оките.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се избакнаа Трајко и Атанас со сите Толевци и си навртоа доволни во Полчишта.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На Толета не му ни требаше повеќе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Еден пајдос кога Толе се накашла трипати, му се запули едно детиште во очите и му намигна со левото око, но Толе не му обрна внимание, бидејќи истото беше толку младо и толку слабо, та на Толета му беше просто неверојатно и да помисли дека тоа дете ќе може да издржи такви напори и ќотеци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По самото негово држење видоа дека знае, но не сака да каже, затоа мудурот му намигна на јузбашијата и му проговори.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— И му намигна со левото око, завртувајќи ја главата кон Скала, за да се сети Андон каква работа ќе брка — Е, арно, арно.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А тоа шо ќе го печалите вие — „се знае.“ — и му намигна на Толета. — Се разбра таа, џанум, се разбра.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Е море, си ода, бацко Толе, си ода, бре, млада су, ми се сака да носа, да јада локумчиња, шиќерчиња? — му одговори таа слободно и му намигна со левото око. — Зар тебе не ти се каснуа пиленце?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тргнати веќе, Кочо пак се сврте. На излегување Рангел му намигна: - Тој ќерата знаеш што ѝ рече?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Во ред. – се согласи дедо Ѓорќи, преплапен до гола коска, му намигна на Кире, се наведна му дошепна да избега некако дека ќе го чека на излезот од градот кај фурната.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Се исмеа пашата, ги протри дланките и му намигна на новиот кадија Махмут-бег.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
ПОЦКО: Е, не бива така!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Од тоа повеќе не бараме, а кум Поцко? (Му намигнува на Поцко.) Ние сме ситни луѓе, па ситнеж сакаме да јадеме.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
- Одамна не сме разговарале, сум пораснала можеби, сум станала попаметна – му намигнав ѓаволесто. – А таа што ти се допаѓа, доаѓа со тебе во Охрид? – продолжив, плашејќи се да не скршне разговорот на друга страна, а толку многу ми беше интересен.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Да, доаѓа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Јас соучеснички му намигнав на дедо, а на баба ѝ шепнав: - Дај ми пари за автобуски билети, објасни ми на кој автобус да се качиме, на која станица да слеземе и напиши ми ја адресата на Анка, па некако ќе се снајдеме.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Проклет да бидам, колку што можев повнимателно му намигнав на Кејтен, тоа беше нашето помирување.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Еци ден ине?24 Се свртев кон него и како потврда на неговото тврдење и прашање, му намигнав и во себе си реков – мајката, оваа болна Грција изгледа полека почна да зaздравува...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога колоната врзана мина покрај Трајче, Ламбе кроце му мрдна на Трајчета со главата и му намигна со окото.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Војводата и Ангеле се погледнаа. Овој му намигна на деда Гера, но дедо Геро се направи како ништо да не видел.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Додека ја симнував со мојот бик фор нормал скин белата павлака од мојата брада, двапати пријателски му намигнав на намуртениот натрапник во огледалото, за да го одоброволам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Навистина!“ Докторот му намигна. „Ќе ти дадам едно розово апче за тоа“.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)