Пушачите пушат за да го ублажат стресот и вознемиреноста и да му одолеат на чувството на замор и монотонија.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Но не можеше да му одолее на предизвикот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Забележа дека производите на турскиот порцелан стигнуваат во Европа почнувајќи од XIII век.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Умира и се менува со нов, ни тој не може да му одолее на летниот валцер... ен два три...ја загнездил мама во себе и танцуваат, танцуваат...ен два три...ен два три...како е можно да не те повлече таа неумолива, таа безгрижна вртелешка...ен два три... нашето страдање е и радост и ново раѓање...ен два три...смеата нека е смела и брза – повеќе да дава помалку да чува...ен два три... зборовите сакати се, мислите немоќни се губат – кога сме плен на тонот снен...ен два три...ен два три...моите бледолики родители меѓу исончаните мускули на танцувачите меѓу црвените жици на решетките...ен два три...ен два три...
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Одвај се извлеков, а да не му одолеам, во што ми помогна Лима.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Со нескриени симпатии констатиравме, дека токму Данило Киш беше еден од оние исклучителни писатели кој локалната, југословенска книжевност, ја направи светска.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Макар што разговорот забрзано се доближуваше до крајот, не можевме да му одолееме на искушението да го соочиме нашиот гостин со полемичката теза за глобалниот распад на големиот бран на критичка мисла во Европа.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Некои од нас не можеа да му одолеат на искушението да излезат и да видат што се случува.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Сметам дека задача на феминистот како критички настроен интелектуалец е да му одолее на рекодирањето на субјектот во/како уште еден суверен, себе-претставувачки ентитет, и наместо тоа, да има храброст да се соочи со комплексноста, разликите, и апсолутното исчезнување на монолитните шеми на мислење.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Камења си одбра најубави: без жили, без дамари, без шуплинки, да бидат трајни, да му одолеат на времето.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Дали беше тоа уште едно искушение кое чекаше само да му одолеам.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Но и тој не можеше да се ослободи од макијавелистичкото заложништво: целта да го спаси Тунис во текот на неговото триесетгодишно апсолутистичко владеење со оваа земја, не успевајќи да му одолее на неизбежното негување на култот на личноста, на арбитрарната автократија, на балетот на властољубивите куртизани околу него, најголемите, еден ден, да му ја преземат власта.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Постарите браќа не можеа да му одолеат на искушението, следени од будниот поглед на Мајка, да слезат, да се наттрчуваат со вовчето.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тој успева да му одолее на медискиот диктат и продолжува и натаму да пишува, речиси целосно, единствено раскази.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)