Може некој, вели Боше - сака да рече Може некој нѐ ѕирка, но Максим Акиноски не му остава време за да се доизрече: Ништо скришно не правиме, вели и му вели на Бошета да го послуша Костадина Дамчески, да стане и да ги затвори капаците на пенџерињата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но Максим не му остава ни место и ниту време и понатаму да се залажува, зема да зборува а зборува спротивно на својот досегашен обичај, не прави починка меѓу зборовите и гласот му е лут, отсечен и подбивен.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но посебно оваа девојка му оставаше впечаток како да е поопасна од повеќето други.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Кафето не му остава знаци во испразнетиот филџан.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
„Од сила...“ му се смееше таа и му оставаше угризи по телото. Ѝ возвраќаше и тој.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Кој директор од тебе јака тресе, на кого на сон му доаѓаш и сон не му оставаш?
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Отец Серафим првин виното го гледа по боја: ја држи озвесно време чашата пред очите, потоа го помирисува виното, па го вкусува држејќи ја голтката и шетајќи ја низ устата, потоа ќе ја голтне, ќе постои малку како да фаќа некакви тајни сигнали и пораки од него, проверува каков траг му остава во грлото - и ќе каже какво е: одлично, ногу добро, средно, 'рѓосано, лошо; и како секој доктор, веднаш кажува одошто е такво и што треба да се стори, како да се лечи за да оздрави, да се спаси, или да се подобри.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Заборавив и поздрав да му оставам на Михајло Горачинов.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Еден патетичен и весел медиокритет, кој на сожалувањето не му остава никаква шанса. Peter Land d. 5. maj 1994: уметникот, по гаќи и по чорапи, штрчи пред камерата, во ладната и лошо распоредената светлина на една неонка, која брише секаква форма, а ги истакнува сите грешки, слабости и мани.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Стимулативните работи како алкохолот, хероинот, или кокаинот му оставаат на Купидон слободни раце.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Откако ја сослуша ваквата определба, Акакиј Акакиевич тажно се одвлечка до својата соба, и како ја минал таму ноќта, му оставаме да пресуди на оној што макар малку може да навлезе во положбата на друг.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Му оставам на читателот да пресуди околу применливоста на овие ставови.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Она што на Џон Холанд најмногу му остава впечаток во оваа сцена не е само нејзината убавина туку и нејзината сложеност.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Или на оној што го заклаа овдека. Јон ми кажа како го сечеле и пак му оставале малку живот. За да се мачи, за да го боли.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Виде дека тоа претставува бања; онаа бања која Илко си ја замислуваше да се изгради на брегот по згаснувањето на чадот: брегот беше изнавезан со зелена, жолта кафеава и лилава боја; бањата: ѕидовите, бели, а покривот црвен; по брегот разни дрвја, цвеќиња, клупи за седење, рекичка, мостиња; најдолу пишуваше: ”Јас, Илко Лечоски му оставам за спомен на селово урнек од бањата која ќе се гради на брегот.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)