Ако религиозните пропаганди се постараат да му попречат на здружувањето на македонската интелигенција и македонскиот народ меѓу себе, тогаш првото нешто што ќе потреба, тоа е да се образува во Македонија: Едина, Соборна и Апостолска црква, т.е. да се востанови Охридската архиепископија што ќе биде „Архиепископија всеја Македонии“.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Само што излезе од затвор, сосема слободно, без никој ни најмалку да му попречува, при изменети закони, Славејко замина за Порт Кембла.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
- Ми се чини твоето почитување не му попречило да те нагмечи во буваров, - со иронија рече Глигор.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
- Арсо се задишува. - Би му ги искорнал дамарите на секој, со заби и нокти, кој би му попречил.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Таа стоеше за сето време, додека одминуваше по голината, но ниеднаш не му попречи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Замина сам надевајќи се дека дедо му наскоро ќе оздрави или ќе умре, па тогаш ќе си ја земе фамилијата.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Тоа му попречи на Тасета да си ја земе фамилијата, зашто не сакаше да си го остави деда си сам и болен.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
- Нема толкава небиднина што да му попречи на Сонцето да изгрее!
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
И на ветрот ништо не може да му попречи да ги размрешка езерските води, да ги довее крилестите бубалчиња за да ги мамат рибите - по нив да скокаат - спокојни.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
- Ќе ѝ кажам, зјапаше во него Бато и ги влечеше танките нозе држејќи се за неговата рака, мислиш сака да му попречи да не ги прерипа куќите.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Иако некому може да му попречи дословноста на постапките на театарската дружина на Атхеѕ (нема никакво фингирање, дури и клистирањето или употребата на вибратор со две глави се изведуваат автентично), не треба да се заборават поттиците и причините што Атхеѕ го наведуваат да создава таков вид уметност.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Модерните примитивци како да се обидуваат да докажат дека стварноста постои, дури и ако не е медиски посредувана.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)