256 Иницијативата за разговор со раководството на Бугарската работничка партија (комунисти) за формирање југословенско-бугарска федерација ја дал ЦК на КП на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
9. Одредбите на овој закон [ЗРО], што се однесуваат на договорот за вработување, се применуваат и во случајот кога работодавачот го откажува договорот за вработување и на работникот истовремено му предлага склучување на нов променет договор за вработување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Нудење на решение. Му предлагам на Генералштабот на АРМ, како лично мој мал придонес во усогласувањето со НАТО стандардите, под итно да издаде наредба за строга забрана на употребата на жаргонот на некогашната ЈНА!
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Второстепениот суд не може да ја преиначи пресудата на штета на странката која се жалела, доколку само таа изјавила жалба (чл. 362, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ете, јас му предлагам нови, побрзи и поубави начини за работа, а тој, стар вопер, сѐ по неговото си тера и само едно мисли, да ја забави куќата, да го излаже сопственикот...“
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
211 Таков трансфер, иселување на „120.000 Македонци северно од границата на Грција од 1941-ва“ му предлагал тогашниот амбасадор на Велика Британија, Р.А. Липер, на министерот за надворешни работи на Велика Британија, Антони Идн, во писмото од 24 ноември 1944, а со цел „Грција да нема славјанско малцинство и заради тоа што ампутирањето на славјанската територија кон западна Македонија и нејзиното анектирање во славјанска федерација е практично невозможно и би било истовремено економска катастрофа за Грција“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
И не само тоа. Веле се осмелуваше понекогаш да му предлага на Аргира и нови начини во работата за побрзо и поубаво ѕидање.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)