Татко, почувствува дека му претстои уште една тешка битка на патот кон вистината, кон таа балканска вистина во која да не е никогаш докрај да, како што не, не е докрај не !
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Татко имаше во себе резерви духовна енергија за акција која му претстоеше со Камилски, да ги ослободат зборовите од опасните османизми и да ја направат замислената листа, на почетокот составена, барем од стотина најпроблематични зборови, чие значење конечно беше исчезнато или во тек на исчезнување и немаше смисла и натаму да останат.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Макар колку да има време, мене истовремено ме вознемирува тоа што јас не ќе мозам да видам кога ќе се стемни за да ја спречам несреќата што на мојот дом му претстои.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Горе на чело, меѓу нив, црна точка е претседателот на Републиката кој искрено се радува заради чинот што му претстои, чинот да ми ја додели лично највисоката чест што воопшто може да се додели: забратката за вонредни заслуги.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Сметаше дека, било каква опасна работа да му се даде или му претстои да ја изврши, таа беше предопределена од судбината и без приговор ја извршуваше со најголемо задоволство, сметајки дека врши народнокорисно дело“34.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Не се чувствуваше најдобро, иако ништо не го болеше, но смееше ли да мисли на себе и на некаква нејасна слабост кога толку многу работи му претстојат.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
А можеби неговиот поглед се беше нафатил да измери уште колку чекори му претстојат до нашата куќа.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Всушност тоа мерење на далечините, како и времетраењето на пристигањето и оддалечувањата, беше една од моите посакувани игри.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Навистина беше изненаден и веројатно се чувствуваше како кондуктерот, кој гледа во возот што се одалечува, го испуштил а му претстоеја на многу секојдневни обврски..
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
И тогаш на врвот на јазикот го сетив и зборот кој очекуваше да се впушти по својата задача, всушност навистина бев спремен да извикам Не очекував овде да те сретнам!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)