му (зам.) - стави (гл.)

Животот ми имаше покажано дека секогаш кога ќе му ставев некоја забелешка, тоа тешко го доживуваше.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Додека павилјоните се смируваат, ги затвораат портите, се отвараат оние во „Белжик жоаез“, а ова катче на ЕКСПО е предиспонирано на човека да му стави на располагање сè, барем неколку часа, барем една ноќ, да го заборави она што го тегоби преку денот...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ангел небесен венец на главата му стави!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Градот нема време да се брани: како стражар кому некој му се привлекол зад грб и наеднаш му ставил дланка врз устата, тој губи здив, прави неколку одвај видливи движења и тоне наеднаш во бесознание.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Таа мразеше да предизвика караница меѓу браќата, но на ова нешто мора да му стави крај.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тој одбиваше да јаде од нејзината рака, но затоа пак ”стоеше” како мечка на две нозе за да може Милан да му стави во устата некое одбрано парче храна.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Така, јасно му стави до знаење дека оваа битка не ја бива, дека останал без сојузници и дека не успеал навреме да го угасне огнот што сега беше надвор од контрола.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Небото,ѕвездите и месечината заговор прават какво име да му стават, што писанија даму дадат...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
А мажот си е маж: ти бара да му ставиш, да му постелиш, да му одиш по бесот. Не те прашува дали можеш. Тој е секогаш поуморен од тебе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Овде, без сомневање, ако треба да се расплеткаат сложените односи во кои беа заплеткани Duchamp и неговото семејство, клучниот настан од биографијата не би била, како што произволно тврдат многумина од неговите биографи, неговата вљубеност во сестрата Suzanne, туку тоа што токму во моментот кога ја започнуваше каријерата, кога и самиот беше на пат да стане сликар, го оневозможија неговите сопствени браќа, кои беа, ако смеам да ја направам таа грда игра со зборови, негови апрови (SES PAIRS); тие свечено дојдоа како гласници, со црни одела и вратоврски и му ставија на знаење дека треба да ја повлече својата слика Акт што се симнува по скали.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Кога тие ќе крадеа овошје по градините или зеленчук по бавчите, на него белјата ја фрлаа; и кога ќе врзеа куче и мачка за опашка или кога ќе им врзеа конзерви да тропаат по нив и панично мјаукаа и лаеа низ селото, на него белјата ја фрлаа; кога на селскиот добиток ќе му ставеа коњски муви и стршлени под опашката и тие јуреа и рикаа како бесни низ полето или сокаците, белјата на него ја фрлаа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И радувајќи му се на дрвцето, секој сакаше да го допре, да го пофати, да му тури вода, да му стави храна, да го негува, да го прска и штити од болести и штеточини.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Го врзуваа со јаже за да му стават облоги и мелем на раните за да го лечат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Некој убавец, којзнае како се мушнал во собичката кај другарката Оливера Срезоска и ете ти циркус, просто-напросто на генералимусот му ја бојадисал со бела боја левата страна од мустаќот, му ставил и некои други знаци на лицето.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Проклет да бидам, се спушти крај неговото постелче, видовме рака му стави на челото, нежно го помилува по осакатеното лице.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Јурејќи, се сретнуваш со смртта. Слушаш некое од децата во сонот, во тихата, глува ноќ, вриснува како да му ставил некој нож под грло.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се прашуваше каква стапица ќе му стави бегот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сега стана јасно дека злосторот не му давал мир, дотолку што, изгледа, Партијата, интерно, му ставила забелешка што не ја дочекал веќе испратената наредба одозгора во врска со масовните стрелања.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Во устата му стави сребрена пара што му ја даде жена му на Оруш за среќа и долговечност на куќата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Го извади набрзина шприцот од чантата и му стави инјекција.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
— Па добро, кад ти хоќеш шуму онда буди шумар у твојој шуми, — му одговори началникот и му стави во задача сега пак тој да ги брка комитите во таа иста шума, во која него толку години го бркаа мулазимот, Рашид чауш и Шарен Мустафа, а во последно време братучед му Бино.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
То тврдо, то тешко, как камен На срце, на душа му стават, То горит как дрво во пламен, Роса, ни втере прохлада не дават.
„Пeсни“ од Рајко Жинзифов (1863)
Се случуваше во гробовите на побогатите луѓе или кај оние што биле мераклии за вино, та му ставиле во гробот да му се најдат на тој свет, - да се откопаат и по триесетина шишиња со вино, кое одлежано неколку години, имаше прекрасен вкус; шишињата се пиеја заеднички за душа на умрениот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Мајка му брзо му стави да јаде.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Гледа Висар кон езерото, размислува за бесмртната вода, размислува кога би имал тој некаква сила та да дојде до шишето со бесмртната вода и да му стави крај на сево ова што го мачи.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тие денови зимата фати доста рано: нејзиното идење го закобија дивите патки и норчињата што како црни облаци го прекрија езерото; маглите започнаа сè пониско да слегуваат, да лежат на земјата и куќите како лоша болештина; со влегувањето на новата месечина клапна и снегот и го покри сето село, ги зарамни нивјето недоугарени, ги покри недокренатите капици со пченка, ги покри сите ѓубришта останати од есента: лепешки, комина од казаните, пцовисани гадурии и сметови по бавчите и дворовите, му стави на езерото бела јака и уште повеќе му го оцрта и истакна неговото синило како штотуку истурено мастило; добитокот мука зацапан во снегот како во пенливо море, кикирикаат и кокошките заглавени во снегот и прпкаат со крилјата не можејќи да летнат како да се фатени во смола; ријат кучињата со муцките низ снегот, го цепат и го враздат просторот како подземни кртови.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Таа прифати, со што му стави крај на возбудливото попладне: ­- Сега треба да учам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Освен тоа, излегло и дека „ЕАМ е најперспективното движење на отпорот во Грција“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во своите анализи тие сосема јасно му ставиле до знаење на политичкиот естаблишмент дека "поддршката на југословенските партизани можеше да ни ја даде најдобрата воена полза".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Утредента, на зајдисонце, Ѓорѓи нарами торба во која Киревица му стави два пешника леб, сирење и неколку глави кромид и излезе надвор од селото.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Како што се чу силниот пукот така бате Јоле вресна како нож под вратот некој да му ставил.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
На сиромавиот секој може секаква узда да му стави.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Насмевнат, авторот ѝ се тргна од патот, а таа направи полукруг околу него како да му стави на знаење дека го избегнува и замина по улицата надолу.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Уште тогаш јасно му ставив на знаење дека тоа што го работи не го ценам, зошто знам дека не е вредно.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)