А што ѝ чини нејзе да му јави на синот?
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Но, сепак, ако му се случеше на некого да му претрча срна пред очите, тој добро гледаше каде бега таа, и брзаше во Охрид да му јави на пашата.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Откако му јави стројничката дека Попставревци кандисале да ја види тој на колјата Викторија, Панде се сети како гранка од нивното стебло.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Бојан гореше од желба да испука еден, два фишека, да му јави на старецот дека го чул, но гневот, омразата што ја чувствуваше кон волците, го спречуваа.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
По шумарот веќе му јавија да слезе в село и да појде на училиште во блиското гратче.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Беше неделно попладне кога Зигмунд ни кажа дека Софи му јавила дека е бремена со трето дете.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Уште од својата венчавка шест години пред тоа, таа не беше дошла во Виена, а за тоа време Зигмунд и Марта ја имаа посетено во Хамбург само двапати.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
ИВАН: Сега што правиме? Да му јавиме на Централниот комитет?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Јас ги отпетлувам предниците, а таа отрчува да му јави на Јона.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
На Марко Проказник му јавија дека жена му е болна, не е далеку од својот крај, и тој дојде до некаква своја новаи неразбирлива татковина и остана зачуден, збунет, можеби и исплашен, од малиот број луѓе во селото.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Храна колку што имаше спремив и, реков, ќе му јавам на Методија и за песот и за коњот, да земе грижа.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Добро, велам. Познавав човек таму за кај што велеше тој, отаде Сината Планина, преку граница, и му јавив.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Методија од Стрелеско ја видел оддалеку како се јази угоре берејќи по некое цветче низ тревјето и му јавил на Симона.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Јас и Симон бевме, може да се рече, пријатели. Кога му јавија за смртта на братот, тој прво и прво ме побара мене. Требаше да се ископа гробот.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Богуле го слушаше отсутно и одвај чекаше да запре со зборувањето управникот, зашто знаеше дека тука не се работи за тоа дека умрел татко му, туку телеграмата е само можност, изговор да го ослободат од училиштето и интернатот, да го пуштат наколку дена дома, како тогаш што го пуштија кога му јавија дека дедо му е на умирање.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Возбудата го обзеде уште вчера кога кметот на Езерец му јави дека Комисијата ќе го посети манастирот за да се запознае со него и да изврши разграничување на синори.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Нему севезден некој нешто му јавува, рече татко ми, потоа стана и замина кон летната кујна.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Добро, ај више да не те гњаву. Може ли да запалу едно цигаре?
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Патникот, му јавија, ќе го чека пред блокот Б13.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Не минаа ни неколку дена и му јави на Ангелета: - Вечерва доаѓа.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Но му дојдеше ли писмо од дома или од неговата саканица Царјанка, му јавија ли дека има свадба в село, ум немаше во главата; како зашеметен, како споулавен шеташе низ касарната; ниту му се јадеше, ниту го редеше на ум она што му го зборуваа на вежбите.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
И се заколнуваше повеќе да не му јавува за свадби.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Јадењето беше готово кога од продавницата за домашни миленици му јавија дека поради некаков проблем пингвините сепак нема да му бидат испорачани.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
И така често му се молил на свјатаго Василиа, и он не хтел да го оскорби ида разсрди духовнаго своего сина, и се помолил Богу да му јави заради Теодора, да ја види, и да му се открие.
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)
И му јави на светот дека Маркос во своите одреди има странци кои не зборуваат грчки.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Грчкиот поп во Браново, каде што дедо Геро очекувал, му јавил на Куцовангелис за тоа што намера имаат брановци.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Ненадејно слугата влезе и му јави на Гарванов дека го бара едно непознато лице.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)