Низ утробата му мина еден трепет.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Жива прекрасна халуцинација му мина низ мозокот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Аргир премале: „Овој сигурно нешто крои штом почна да се мазни“, му мина низ умот и собирајќи ги уште повеќе веѓите, рече: - Та како побргу, газда!
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Тој се стаписа: “Заседа“ - му мина како молња низ умот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Во овие неколку мига, низ умот на Аргира му мина целиот негов живот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Сврталиште на смртта и гробница на несреќници, - секавично му мина мислата.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тоа полека му мина во страст, во навика, па дедо му Димо, ценејќи ја и почитувајќи ја таа убава навика, се трудеше средната греда од таванот во тремот, секогаш да биде слободна.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Можеби минутка-две ништо не се помрдна таму, па на момчето му мина мислата дека од силна возбуда, од напнато чекање, сето тоа му се причинило.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Се проѕеваше, а по целото тело му мина еден бран млака сонливост.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ги фрли војничките алишта и започна повторно да трча и да опкршува околу езерото и селото, да го исполнува просторот со својот вик, да допира и да милува секое дрвце, секој камен; со денови опкршуваше низ сиот овој простор, низ сиве овие места на кои не можеше да им се изнарадува, да се опсити; пак заличи на дете што започнало првите чекори да ги прави на кое сиот свет му е мал; го вдишуваше мирисот на дрвјата, го гледаше синото небо кренато високо и исчистено од сите барути и пукоти; го гледаше езерото што како зоврено млеко се креваше и разлеваше пена на брегот; го слушаше црцорењето на птиците што ја населуваа шумата, трчаше по пеперутките, легнуваше во тревјето и пак стануваше, настојувајќи што побргу да го заборави она што му мина преку главата.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)