- Речи му дека го чекаме. Нека дојде. Зошто е таков!
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
— Ѝ одговараше Толе, а таа верувајќи му дека и Светијован си имал посестримка, уште повеќе го стегаше со меките бели раце и го посипуваше со бакнежи и милувки. (Митра не работеше полски работи кај стариот Брлета та затоа рацете ѝ беа меки и бели).
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ти вети му дека навреме ќе му ја почнеш работата.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Ајде, поздрави го дедо ти и кажи му дека му го давам најдоброто.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Поздрави го Вражалецот и речи му дека се убаво ви посакувам.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Постојат советодавни служби и од таа област.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А за тоа кој му е татко и како да го бара речи му дека ќе го посоветуваш дури кога ќе излезе од занданата.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Што се однесува пак до тебе, и пред се до твојата снага, секогаш ќе биде добродојдена и убаво измилувана, под претпоставка дека такво нешто ќе и затреба".
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Веројатно некоја од тие институции ќе му помогне да си го задоволи интересирањето.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
ФРОСА: Многу ќе го поздравиш и од мене и од децата. Кажи му дека и нив ги имав земено да те испратат.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
“Ако некој ме бара, генералот, или генералот на армијата, кажи му дека сум зафатен, важи?
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Се врати дури по неколку саати, збунет и вџашен, и прво ја допи ракијата пред да ѝ раскаже на мајка му дека во банката е целосен хаос, луѓето викаат, жените паѓаат во несвест, а службениците не знаат што да прават и само нервозно се растрчуваат и упорно повторуваат дека нема пари.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Газда, ај речи му дека ич кур не не боли што ќе кажат.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Го охрабрував ветувајќи му дека нема да означиме старт на претставата додека во партерот не го забележиме потребниот минимум.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
ЛУКОВ: Чекај. Појди и речи му дека ќе дојдеме со Ивана штом тој ќе се врати.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Оди кажи му дека јас го викам и да дојде веднаш.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
За оние што од кафеана не излегуваат, подгответе му специјалитет - староскопски, растриен со сува пиперка и лук и со право речете му дека и дома сервирате „светско, а наше“.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Најпосле, откако се изнамуабетија, а уште повеќе изнамолчија доволно време и испопикаа цигарчиња во меките фотелји со навалени потпирки, тој, најпосле како да се сетил, наеднаш му рече на секретарот што стоеше покрај врата со документи за извештај: „Па, таму, чинам, чека некој чиновник; кажете му дека може да влезе“.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Некој од нив, воден од сочувство, одлучи да му помогне на Акакиј Акакиевич барем со добар совет, велејќи му дека тој не би пошол кај реонскиот началник, зашто може да се случи реонскиот, сакајќи да заслужи пофалба од претпоставените, и да го пронајде на некој начин шинелот, тогаш шинелот сепак ќе остане во полицијата, ако тој не им достави законски докази дека шинелот му припаѓа нему; туку дека е најдобро тој да му се обрати на едно значајно лице, дека значајното лице, откако ќе испрати писмо и ќе се поврзе со оној со којшто треба, може да направи работата да тргне поуспешно.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Акакиј Акакиевич навреме ја беше почувствувал задолжителната бојазливост, малку се збуни и, како што можеше, колку што му дозволуваше слободата на јазикот, разјасни, со уште почесто додавање на зборчето „онака“ отколку другипати, дека шинелот бил сосема нов, и дека сега е ограбен на најнечовечен начин, и дека му се обраќа нему, за да се заложи на некој начин онака, да му напише на господинот полициски врховен началник или на некој друг и да го пронајде шинелот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Предлогот за таа игра на Андон му го соопшти Лилица, нагласувајќи му дека тој доаѓа од Азра и дека таа гори за тоа.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Бидејќи јас не се осмелував да се поместам, таа го фати со едната рака за ременот околу вратот, и со другата почна да го чеша зад ушите, сѐ така говорејќи му дека бил добар пес, убав пес.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Протестираа поповите и Димитрија, молеа да им ги врати, луто каејќи се што му ги дадоа в раце, но тој им се закани дека сите ќе ги затвори и исколе, та се вратија, ветувајќи му дека ќе се покорат на неговата власт штом не ги признава старите фермани.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Кога видоа жена му и син му дека не помага, го затворија во една од собите и не го пуштаа да излезе од неа.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Нема ништо да загубиш - ме советуваше таа.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Постапи како што ти вели човекот а не кажувај му дека си го послушал.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
На селанецот во полето, што исто така го видел летачот, него речи му дека тоа било привидение.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
ТРИЕСЕТ И ВТОРА ПОЈАВА ТЕОДОС, КЕВА И НАЦА
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ТЕОДОС: Е, така. На Арсен кажи му дека сум азар и сега кинисувам.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Пред да умре баба ти, ми рече: „Бакни го Милчо, кога ќе се врати и кажи му дека попусто се мачеше и правеше напори да ме излечи...
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Кога виде дека Грдан не попушта, го сврте листот и почна да му забранува да оди на бавчичката велејќи му дека нема пат за бавчичката и дека не смее да гази низ имотот негов.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
- Поздрави го подводниот Вок со едно око кому најверојатно си му слуга и речи му дека тоа не е фер.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Илјада деветстотини триесет и седмата му ја облекоа грчката војничка униформа; го вежбаа, значи го учеа да убива, како во сите војски, велејќи му дека тоа е чесно и го убедуваа, како во сите војски, дека неговиот живот е највредното што го има и треба да го даде за “патридата”.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Само кога ми кажа некако ме фати смеа, па го подбуцнував велејќи му дека го фатиле моите клетви.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Круто го одбив, велејќи му дека тука е дојдено моето момче со кое претходно бев скарана и сега се смиривме.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)