Коледе, Божиќ и Василица си ги правевме секоја година, ама таа година имаше нешто посебно во подготовките: родителите нешто ќе прават, нешто во врска со новата црква и со училиштето, па ќе се соберат сите, а нам децата веќе ни имаа порачано да собереме дрва повеќе од кога и да е порано.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Нам децата не нѐ честеа, само мајките крадешкум ни даваа да штипнеме од мевцата ама едно преку друго се собираше и убаво се измрсувавме.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)