Воопшто немам намера како монасите или калуѓерките да му го жртвувам своето либидо на бога, може да е токму тоа она светото во нас што треба на вистински начин да го продуховиме...
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
На пример голема среќа беше за нас што прекинавме со Сталин, пред да се реализира идејата за основање атеистички музеи.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Зар не е јасно како бел ден оти претставници од нас нема да има, оти ќе ги решаваат нашите судбини без да нѐ прашаат нас што бараме ние, а затоа ќе ги прашаат нашите непријатели што имаат свои држави и свои дипломати и кои ќе ја извлечат сета полза од нашата пролеана крв?!
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)