Но мајка ми, уплашена, кога ги виде со бради и со камери, не ги пушти да влезат во куќата, велејќи дека освен неа нема никој.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
И му го даде својот благослов. „Колку беше во право старецот”, си мисли сега Корец, насмевнувајќи се на тие најубави мигови од неговиот живот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
А сега, ете ги на дело, толку убаво искажани, неговите идеи... Реб Апфелблум топло го погледна својот поранешен ученик. „Биди внимателен, намерата ти е возвишена, нема Јехудим на светот што со неа нема да се согласи.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И навистина, една вечер доведе Мисирлијата од Витолишча во четата на Толета еден „четник".
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ошче поарно. Тогаш и твоите блиски муабети со неа нема да им паднат в очи на другарите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Како да го стори тоа, кога во неа немаше ниту еден што би можел да врзе барем два дена, без работа? Како?
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Работа. Таа треба со нокти да се држи. Без неа нема живот, нема поминок за мајсторите.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Рози беше убава, но Кети не можеше да ја види убавината кога во неа немаше здравје и виталност.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Севда изгледаше толку смирено и прибрано зашто, како што таа самата си знаеше, никој ништо лошо од неа немаше видено.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Има некоја меланхолија во тоа да се пробиваш низ гужвата на улица Македонија слушајќи го Џони Кеш O Death, where is thy sting?, и да шеташ по неа на 1. јануари, кога на неа нема живо пиле.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
Со неа немал деца, но со неговата голема тајна љубов, убавицата Мериме имал две машки деца.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Потоа бргу се навикна на новите звуци (чудни се патиштата на човечката психа, оти човек се навикнува на сѐ, дури и на најбизарните нешта), но сфати и дека оваа „криза“ не е забава, не е диско и дека со неа нема заебавање.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Во движењата што ги правеше со неа немаше ништо поинакво од она што го правеа сите други, но ете, тие движења со неа секогаш го трескаа како збудалени бранови на морска бура, за на крајот да го исфрлат исцрпен на брегот, со главата падната на нејзините гради.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Но каде назад... За неа немаше назад.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Тоа беше сепак само облека, бледа, искрпена, туѓа; во неа немаше човек.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Но кога ќе се обѕрнеше, зад неа немаше никој.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Кој беше тој, Јоханес Гризебах, со осквернета рака да ја симне маската и да открие дека зад неа нема никого?
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Се осмели да тропне на една врата, но никој не ѝ отвори.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Пред да ја угаси ламбата и да се седне уморен во фотелјата, нежно го истури купчето пепел на дланката и тивко кажа еден збор. Розата се појави.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Се служеше со висок диоптер на стаклата од очилата, а на моменти, кога ќе наидеше на најситен слог, а тоа се случуваше често во едвај разбирливите сиџили, кадиските записи, мораше да се служи со лупа, но и од неа немаше големо фајде.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тие ретроградни процеси, тие обиди за спасување на еден монопол со друг, денес се одвиваат кај нас, и затоа моментно сме во слепа улица, бидејќи секој монопол е слепа улица, од неа нема друг пат, мора да се удри в ѕид.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
На неа немаше ништо друго освен ѓубре.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Често беше подготвена да ја прифати официјалната митологија, просто затоа што разликата меѓу вистината и фалсификатот за неа немаше никакво значење.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
За неа нема зборови.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Значи, докторе, штом нема бегање... штом од неа нема спас, подобро е со време...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Остана само ќелијата на Димостен во која можеше да биде сама за да се обидува да се ослободи од несаканото семе, меѓутоа, во неа немаше никакво искуство за такво нешто.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Последна заминува Богородица, пред да го напушти местото, гледа да не оставиле нешто, не, ништо нема, само пепелта, ама во неа нема ни спуза.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Чана гледа многу повеќе од нив: бавчи, дрвја секакви во нив, планината не е голема, само сепак ги наполнува сосема очите и врз неа нема друга планина оти иако е облачно и роморливо, напати ветрето што се подава расчистува по некоја дупка во која се здогледува само небо над неа.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Ако се апстрахираме од специфичната реакција на руската емиграција, тогаш треба да се одбележи дека драмата на Набоков поседува еден значаен театарски квалитет: во неа нема долги, здодевни монолози, секогаш има што да прави и партнерот што молчи, настаните повремено ги прави интересни и само потсмевот.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Бидејќи пред неа и зад неа нема двор, неговите родители чуваат еден петел на таванот.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Против неа нема приговор!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Затоа и ја прифаќам судбината онаква каква што ми е доделена.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Но додека во зборот, тие често делуваат несмасно, во музиката нивната моќ е директна, пред неа немаме одбрана.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
И се чини дека до неа, покрај неа нема никого.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ако ги осуетил стратегиите на албанската тајна полиција и ако поради неа нема да го оствари враќањето, ќе му преостане на крајот од полза неговото искуство („таа аскеза...”) во делото кое ќе замисли да го напише подоцна и тоа не друго, сигурно погодувате, туку романот Атеистичкиот музеј.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Откако помина поштарот, некаде кој единаесет часот претпладне, кога селската продавница вообичаено е затворена и пред неа нема никого, авторот пак дојде тука да поседи сам на талпата спружена за клупа пред продавницата.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)