А потоа, божем неочекувано ќе му наидеше и онаа најгорчлива забелешка: - Па сепак, најтешко ми паѓа - ќе констатираше тој – кога интелегентни луѓе како тебе, не чувствуваат потреба да ми помогнат.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Бараше помош и разбирање, а недоразбирањата, (ако можеа барем во мојот случај, да се наречат недооразбирања неоснованите обвинувања при испитувањето) всушност повеќе беа резултат на лошиот приод на иследникот одошто на мојата неспремност да соработувам.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Беше стара, збрчкана, непријатан; место љубов спрема неа чувствував само рамнодушност.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)