Додека така ја креваа вреќата, додека седеа една крај друга на штицата горе во запрегата со камшиците во рацете, знаеше да ѝ дошепне Ми жента е кту нивта, шо да брцниш у неа ки никне! или надвикувајќи го свирежот на ветрот То шо никнува и да умјаса на таткото, душта може уд мајкта да а има!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)