Кога ја виде нејзината врамена фотографија при неговата прва посета на домот на дедо си, ја препозна и рече дека брат му му кажувал дека таа сега лежи в земја.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Да ја види човек, пак да ја види. Око да не одврати од неа од убавина!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И така не можеше да се помине крај неа од миризбите што шетаа низ целото маало, а да не се купи нешто.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Има такви зборови во неа од кои човек вивнува од срам.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
- Мастиката ти е со снег, момче! - го фалеше Чауле пијалокот на Иле Битолчанецот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Има и Вевчанска река. Таа ги собира сите нечистотии фрлени во неа од селата Враништа, Велешта, Дабовјани, секако и од Вевчани - и сето тоа го носи право во Дрим.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Хајнерле не ја помнеше мајка си. Софи Фројд Халберштат умре кога тој имаше тринаесет месеци; ликот ѝ го знаеше според фотографиите кои ги направил татко му, а слушал за неа од својот неколку години постар брат Ернст.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Чауле зеде нова чаша со мастика и налеа во неа од водата.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)