- Ќе се обидам, - рече Месечината па направи од своите најсилни и најсветли зраци златна лулка, ги седна в неа своите гости и полека, со лулеење почна да ги спушта кон земјата.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Бараа некаде, кон Дојран можеби, кон Егеј можеби, или уште појужно, незамрзната вода да ги одморат на неа своите уморни крилја, да ги наполнат своите гладни, празни гуши.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Нема ни да се обиде да го сокрие пред неа својот потсмев. тој немаше душа, Марија, ќе ѝ рече. Имаше, ќе го пресече.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Ја спушти главата во густата трева и ја замрси во неа својата руса косичка...
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Омразата не може докрај да се разбере, ниту пак можат да се знаат нејзините изворишта, како што и среќата, како што еднаш рече Сара, не може да се дефинира, таа се чувствува.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Мајка ми ја чувствуваше мојата ранливост, и ја зариваше во неа својата омраза.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)