А сега еве пак сум во градината, но, не е можно, неа веќе пред куќата ја нема...
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)
Во неа веќе ги снема вечната топлина и светлината, добрината и тажниот поглед на Богородица прел која секој ден и ноќ без престан гореше маслениче. Сега угасна и тоа.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Авни ја слушаше со внимание и со загриженост бидејќи алкохолот во неа веќе вриеше и беше готов да прсне во нешто грдо, но го прифаќаше кажаното со широко, плавно “да, така е да, да,” обидувајќи се на тој начин да ја смири и повторно да ја врати на она што ѝ го кажа на почетокот: “Ханка ти е мајка, тоа е најважно.”
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Лежи на плеќи дополу разоткриена, со блузата разградена, дојките обиснати кон мишките, целата запалена така што топлината што зрачи од неа веќе благо ме допира онака застанат над нејзиниот кревет.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Тие што нешто пошироко знале за неа веќе беа мртви или сеќавањата им ги натлачиле матни води или темна заборав.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Комфорот во кој државата на братството и единството четириест и пет години ги лулкаше своите деца беше сѐ помал, а последиците на економската криза во која запаѓаше и земјата и сите тие со неа веќе беа видливи.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Но, и неа веќе ја нервираше таа лажна атмосфера.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Но... сето тоа е неповратно... Од неа веќе ништо не зависи. ***
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
А ти не барај од неа веќе ништо. Вода јас ќе ти донесам.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Еден ден по свети Илија и Ганка ќе има шеснаесет.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Чана ѝ враќа како одјек што може да ја истурка назад низ ходничето Мајче Росо, тук сме, тук! и скокнува од одарчето, ѝ ја отвора вратата, ја седнува крај Митра, а таа стои простум и со очите стигнува до прозорчето, во прозорчето дрвената барака, ама околу неа веќе го нема Дине Бочаровски.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Знае дека сите што тргнаа по неа веќе се на суво, некои тука некои долу, овој оган сакале тие или не ќе го делат со мокрите дечиња или со нивните мокри робички, и Фала му на Господ за оваа ноќ!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Во исто време крцнува вратничето и низ неа веќе влегуваат Перса, Пелагија и малечката Пела.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Некои го оправдуваа, други го сожалуваа, ама што вреди кога неа веќе ја немаше...
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Без неа веќе не може да живее.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Сомнителни се секогаш само двајца: јас и ветерот...
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
На неа веќе подолго време стоеше вагон што нигде не патува и никого не вози.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)