На дел од отвореното небо, неопределиво парченце кусо ослободено од октомвриските облаци, лежи некаков призрачен белег, зрачен мраз или разјадена месечина и ѝ ги граба на темницата запизмените раненици, го отргнува од неа заедно со нивниот грч, и нивната безнадежност.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Мечката ги имала истрошено сите разјарености, тие биле истенчени од неа заедно со сета крв по лисјата, од сето тоа било останата само можноста да моли.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Чана со денови преседуваше кај неа заедно со своето Донче и отворено ѝ се восхитуваше Ако с’м две п’ти пугулема уд теб, а нем’м твојта сила! ѝ велеше.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)