Животот, на крајот од краиштата, е само колаж од одделни моменти на кои се сеќаваме – колку парадоксално е тоа што во него минуваат цели денови, месеци, години кои воопшто не ни остануваат со сеќавањето и поради својата истоветност пропааѓаат во заборав.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
И сега, гледајќи ја каде што врви целата во црно, Бонети помислува дека отец Иларион сигурно пати што приликата што ја имаше ја испушти, зашто таа сега е друга: и крај него минува со молчење и со поглед в земја.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Потем му се чинеше дека не чекори, дека крај него минуваат куќи, мостови, автомобили, издолжени и невозможно крстосани во неговата свест.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Најжив е од сите сокаци: сè преку него минува, сè на него се одвива; тука е кафеаната и дуќанот и казаните за варење ракија и рибарските куќи и диреците и врбите за сушење мрежи, за белење платно за отседнување на Ѓупците.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)