него (зам.) - нема (гл.)

Во него нема живот, животот е само во душата што човек ја има, за разлика од животните.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тоа исто така го навредува и човечкото тело.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Му бучи во главата на Пискулиева. Каде сега? Ни за него нема нигде мира.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
А Лангачот вели дека само од тоа живеел. Дома кај него немало ништо друго.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Таа си достоја на клетвата дека без него нема да живее.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ги виде сите свои робови и робинки пред себе; ги виде и убавите и млади невести Доста и Дунава Макреви, ја виде и бела Бојана Жиовката, па погледот му падна и на Доста Рожденката, околу која толку години се вртка, но сега кај него немаше ни зрнце милосрдие, ни зрнце мерак, ни зрнце човештилак.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
За него немаше радост; тој не ја чувствуваше слободата што ја уживаа врапците, пчелите, мравките и целата природа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Така гледајќи ги, крвнички, тој бараше само едно: да ги најде вистинските бунтовници, иако сега сите му се гледаа кумити и бунтовници, та во својата врела глава си ги претставуваше и децата од две години како пораснале и станале кумити.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
За него немало никаво сомневање дека тоа биле партизаните.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
За него немало никакво сомневање дека тоа биле партизаните.38 По запознавањето на ситуацијата на боиштето на Југославија, Маклин во својот извештај до Министерството за надворешни работи ќе заклучи дека партизанското движење во Југославија има ефикасна врховна организација со која би било можно да се планираат и реализираат одредени задачи и дека “каква и да била нивната политика, се бореле, против нив (Германците б.м.) и тоа многу успешно, а четниците, како и да гледаме на нивните мотиви, главно не се бореле или пак се бореле заедно со Германците против своите сопствени сонародници.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Ако да бех знала, чедо, че зло ште го најдит, него немаше да пуштам, в тој ден клетиј, черниј.
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
За него нема сега ништо позначајно на светот од желбата на овој гостин, кој бара да му исвири тој нешто со трубата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Без него нема екипа, нема снимање.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Нема гнев во снегот. Тој опколува, задушува, но во него нема гнев.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во него немаше никакво чувство на казна, туку само прифаќање дека тоа што го направи е неизбежна судбина, предодреденост. Тоа морало да се направи.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Од Грците понижен, исмеан од бугарскиот литературен круг, прогласен јавно и тајно за неспособен поет без вредност, иако како него немало друг, препев на Сердарот и Скендер - бег започнува со ревност.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
За него немав информации, освен од магазините кои се занимаваа со естрада; одвреме-навреме, ќе се појавеше некој напис, во кој се говореше за „мајсторот на рамнотежата“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
За него немам грди зборови: праведник со малку среќа, но со многу чесност и храброст.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но, залудно: од него немаше никаква трага.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Да, бевме заслепени. Нас, простите селски деца така нѐ научија, така ни го имаа испрано мозокот што во него немаше место за да се роди мисла и мислење...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ден е на жалост и во него нема бодра светлина, се влечеме под нејзината сенка.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Помиреност и очај, како на онаа друга слика – на која беа Мајка и Дете, само што помиреноста сега беше полна ужас, помиреноста на Исус во мигот на издивнувањето, а мајката негова, застаната до крстот беше во очај, со склопени раце, со наведната глава, со поглед слеп за сѐ пред себе, освен за болката на душата, со очи кои како да се исушиле во вдлабнатините, а на нивното место останал само очајот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Стоевме веднаш до “Распетието”; на него немаше никакво ветување: на лицето на Исус само помирување со ужасот, на лицето на неговата мајка – ужасен очај.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Го знаеја зошто друг како него немаше.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Исто така, еден народ долго може да биде без народно име ако наблизу до него нема друг народ од којшто ќе треба тој да се разликува со одделно народно име.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Од каде ќе се најдат средства за нови учебници, кој ќе ги подготвува, од чии средства ќе се издржуваат училиштата со македонски јазик? – Очигледно, штом комитетите и македонската интелигенција во Бугарија ќе почнат да му се противат на новото течење, или, ако не му се противат, просто не го поддржуваат, јасно е оти од него нема да остане ништо: фантазиите на неколцина Македонци ќе бидат исмеани и повеќе ништо.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во замена за тоа, ако еден народ добие политичка слобода или се исполни нешто друго важно за народниот живот, без негово или со мало негово содејство, тогаш кога кај него нема уште изработени народни идеали или ако се изработени не се усвоени од сите членови на народот, тогаш, во таков случај, народот не ги цени народните идеали и, како човек без определена цел и програма за работење, се фрла ту на една ту на друга страна, правејќи го тоа не затоа што е убеден оти така треба да биде, ами затоа што гледа дека има околу него луѓе што постапуваат така или инаку.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ни пред него ни зад него немаше ниту еден друг чекор и некои невидливи суви гранчиња под снегот одвреме-навреме потпукнуваа само кога тој ќе ги нагазеше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Со него немаше никого. Под волнената капа го слушаше само своето дишење.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Зад него немало никого, точно како пред тоа да се сретнал со привидение кое без каква и да било врска со неговите мисли и грижи испливало од мракот на пренатрупани, искинати и неповрзани соништа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се завртел и останал наеднаш недоречен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се разбира, до колку во него нема напишано нешто и за мене?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Во моментот кога човек ќе сфатеше дека е веќе неспособен да ги разликува зборовите по вид, род и број, кога ќе станеше свесен дека тие се претвораат во лигав куп бесмислени звуци кои за него немаат никакво значење, тогаш знаеше дека нема враќање.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Во него немаше сега ни бунтување, ни плач.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, во него немаше ниеден збор за нив и тука не можеше да се стори ништо друго, освен да се останува настрана и да се молчи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во последниве години од него немам некоја поголема корист, но подобро е земјата да се работи, отколку да стои угар.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во него нема човештина, никој за ништо не може да му се довери на овој груб и опасен човек.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Таа мисла продираше како отров, а од него немаше спас.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Гледајќи ја оваа маса од расчувствувани лица, Арсо се прашаше самиот себеси, зошто овие сериозни лица - запотени, стеснети и опијанети од љубопитност, ги заборавиле своите секојдневни работи, многу важни за самите нив и се претвораат овде во наивни, пакосни или добродушни гледачи, зашто им е потребно тоа да се согласуваат со оние што обвинуваат и на таков начин да си ги прават душите тврдокорни, барајќи во себе презир, непопустливост и казна за оние што се млади и непокорни, но очигледно способни да ја платат највисоката цена за таа своја непокорност, за тоа свое несогласување и за мечтата за нешто што го нема, но треба да дојде, зашто без него нема смирување и среќа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
НИШАН - знак, белег ОБЈАЛО - обувки ОДГРИБАТ - раскопување, разривање, расчепкување на лозјето ОЛАЏАК - т.е. со други зборови; (татка си олаџак) ОМАУДРЕН - зашеметен ОН ЈАША - десет години (Он јаша кадија кај сум) ОСКОРБЕНА - натажена, нажалена ПАГУРЧЕ - сад за ракија; бакарна буклица за ракија, обично плоска ПАКОС - штета, беља ПАЛАВРА - измама, лага (палавраџи'а - човек кој многу зборува) ПИЗМИ - мрази ПИР - старешина, духовен водач на еден еснаф; основно значење "старец“ ПОВИДЈА - (...јазат повидја), растенија Што се обвиваат околу дрвјата (бршљан, на пр.) ПОРИЗА - послуша ПОСПАЛ - прав од брашното при мелење на житото ПОШТАЏИЈА - поштар ПОШТУК - исчезна, го снема, од него нема трага ;( фана поштук) ПРЕЛЕЗ - премин (обично со вратичка) на оградата, плетот од нивата ПРЕПСА - личи, прилега, наликува; (Дали преспи дете на татка?) ПУСУЛ - писмо, белешка РАЗГЕЛЕ - случајно, токму на време (дојде) РАКИ - САПУН - миризлив сапун Што се произведувал во Ирак.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Тој е предавник, велат, и за него нема враќање.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мачно му е дури и да се сеќава дека го мразел другиот што за него немал ни лице, ни положба, ни определен број години туку бил само глас на омраза слична на неговата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Кому му е гајле дека во него нема скапана банка.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Го удираше сѐ додека Богдан не ги почувствува ударите на своите слабини: гледа пред него нема никаков коњ, а всушност тој е коњот: на него е качена Аниса и го удира со петиците и го сили да трча.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Од него немаше живот!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ги склопи очите и се пушти на коленици сфаќајќи дека за него нема веќе никаков почеток.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Шеесет години жртвување, волја...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И кога тој човек е создаден и кога во него нема повеќе ниту детство, ниту младост, кога вистински станува човек, тој е завршен, готов за да умре...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Имаше гордо, орловско лице, што можеше да се нарече дури и благородничко, сѐ додека човек не дознае дека зад него нема никаква интелигенција.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На него немаше ниту еден прозорец.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Впрочем, на него немаше одговор дури ни сега, затоа што малубројните раштркани преживеани луѓе од старите времиња беа неспособни да ја споредат едната ера со другата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Колку и да беше предан, во него немаше ни трага од онаа исклучивост што ги одликува фанатиците.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Трајко едноставно не работи, инаку може да биде многу добар, во него нема трема ни страв, само дембелата не му дава да реди убави оцени.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Дине само еднаш подзапре, само еднаш ја сврте главата на друга страна од штицата, само тогаш кога почувствува дека зад него стои сосема непознат човек оти тој што беше зад него немаше никаква мисла во својата глава што можеше да биде непријатна, уште пред да се сврте знаеше дека човекот ужива како тој си ја обезбедува куќичката.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
БОЖАНА: (Го пречекува уште на прагот). Добре дојде, свату!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
КОСТАДИН: Кој, Јордан ли? За него нема ни рода, ни порода. Тој само за пари знае!... Каде си наврзав долг на глава!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Никој крај него немаше - вишното небе врз него, земјата скришна под него, над гробот врба стушена.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Принцот Мишкин е аматер во животот, осуден да ги проценува ситуациите и луѓето како секогаш да ги среќава за првпат; аматерот Мишкин не знае да се здобие со искуство, а навиката за него нема никаква дидактичка вредност.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Не, во него немаше страв, немаше дури ни возбуда; тој глас најсериозно прашуваше дали милиционерите бараат од поетите само тие да слезат од гранките или наредбата се однесува и на птиците.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Загинавте вие во битка за робот, на тврдоста жртви со бунтовни глави, небележан тука ви остана гробот, и на него нема кој венци да стави.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
За него нема полска, нема селска работа. Си живеат тие, Нумо.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Откако и по десетина дена од него немаше ниту трага, ниту глас, почна да се шушка дека ова и за ѓаволестиот Ѓоше е премногу долго.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Според него, нивниот македонизам не бил вештачки, „тоа е природно, спонтано и длабоко всадено чувство, кое почнува уште во детството, како и сите други патротизми“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
За него немало никакво двоумење или колебање дека „жителите не се ниту Грци, ниту Бугари или Срби или Хрвати. Тие се Македонци“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Зборот е тука, но во него нема никаква воспитна идеја, отвореност кон светот и грижа за душата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Првиот извадок е земен од прочуената ултраконзервативна хит-книга The Closing of the American Mind (1987), на сега веќе покојниот американски професор Allan Bloom.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Со духовниот живот отсега ќе владее принципот на уживање.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој не му припаѓал на европскиот капитал и за него немало никој да жали, освен оние што од внатрешноста отседнувале тука.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)