него (зам.) - борба (имн.)

- Јас со него борба водев - Ете, тука беше, пред мојот нос, но одеднаш го снема, како в земја да пропадна, како да се претвори во невидлив дух!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ката ден со него борба праиме под амбарите; арно ама никој досега, што се борил со него, не го кутнал; сѐ тој кутиња: натема го натема, да би му се исушиле тие остри нокти да би! - му рекле стаорите на главатиот стаор.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)