Ми вели ќе дојде ден ќе ти покажам еден извор, ќе си земеш од него вода во едно шише и ќе си го обесиш на гуша.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Сред поле долапот се врти сал се врти се цеди од него водата се истура и шурка и сонот блика по земјата што 'рти додека човекот спотнат кон небото го турка.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Ќе се насложат лепешките во огништето, над нив, на камушките, припремени горе на таванот или а гредите, ќе се обеси котелот, ќе се тури во него вода, сол, и неколку дрвени лајци сало, потоа ќе се потпали огнот под него.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И, како да не му ја запалија куќата, се врати во малото одајче, од кое последната вечер, испраќајќи го, жена му плисна по него вода.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
ВЛИЈАНИЕТО НА ХОРАЦИО ЦВИКАЛО ВРЗ РАСТОТ НА ШАРЕНИТЕ АНТИ-УПАТСТВА (III) Патека на слоновите...
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)