него (зам.) - тунел (имн.)

Гоце извади книга со мастило и напиша вакво писмо: “Брате Пејо, го разурнуваме со динамит мостот кај Анѓиста и блискиот до него тунел.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Одевме така, не знам колку, оти времето стоеше во таа светлина; брзината беше бесмислен поим во тој пејсаж, во таа атмосфера на гаснење; веќе одевме кон еден од последните свиоци, пред Велес; отприлика беше некаде околу седум или осум часот, и пред нас веќе се појави мостот, а веднаш зад него тунелот; тоа беше класичен железнички мост, со метална конструкција од левата и десната страна, како коридор што веднаш се влеваше во утробата на тунелот, во неговото темно устие; и, во тој момент Земанек зад мене рече: „Гледај“. „Онде, долу“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Меѓу 31 март и 1 април 1903 година, големиот железнички мост при Ангиста (Серско) и блискиот до него тунел биле урнати.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Кога ќе пишеш во весникот, успехот препиши и го на онаа сила: „Тајната револуционерна организација“.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)