него (зам.) - кон (предл.)

Тргнав по него кон Рустем-пашината џамија каде што ме чекаа за враќање.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Сега жената што прашала се збунила и тргнала со него кон гробот.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Се исправи, ги крена свеќите и забележа човечка прилика, иста онаа што порано ги следеше; во рацете имаше секира и стрчна да го удри; полковникот исплашен, му ги фрли свеќите во лицето, инстинктивно се фати за појасот, но пиштолот го немаше со себе; свеќите го збунија напаѓачот, и тој ја фрли секирата кон полковникот, но тој се поднаведна и таа профучи над него удирајќи во ѕидот. напаѓачот почна да бега, а полковникот стрча по него кон врата; во дворот се покажа калуѓер кој одеше да ја затвори црквата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Само за миг, а потоа убавата насмеана невеста го прегрна и го бакна човекот на скалите од катедралата и за рака со зетот, исто така насмеан и убав, потрчаа покрај него кон паркираните автомобили.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И, како да сум и самиот невидлив, се фаќам за дебелото јаже и се качувам по него кон магли, Огновите и паниката на поротниците сведоците и глутницата остануваат далеку од мене.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Близу до Солун живееле Сагудатите, а источно од него кон р. Струма и Халкидичкиот Полуостров се населиле Ринхините.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Наеднаш чиниш тој простор беше му го позел; тој простор чиниш уште пред тоа, пред тој да може да го знае тоа, беше му го украл сиот негов здив во своите недогледни глобочини, со мирна невидена плавна синевина, што го исполни сето растојание меѓу бескрајните брегови на неговиот поглед и простор беше го повлекол сиот него кон себеси, кон својата шир.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, еве, тој беше тргнат да го оди него кон дома, а наеднаш тоа изгледаше толку просто.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но за мене сепак остана тајна, што најмногу влијаело при донесувањето на одлуката: дали човекот- младич, неговиот пристап, начинот на кој и ја поднел понудата, неговиот изглед, или самата самата порака содржана во понудата да тргне со него кон планината бидејќи во тој негов предлог таа го открила наеданаш сонуваното небо но и поинаквиот живот што може да се случи таму негде, високо?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- А зар е можно туку-така да се замине од дома и тоа со непознат човек - ја бев прашал?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Држејќи ја капата цврсто, појдов со него кон циркусот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И, како да сум и самиот невидлив, се фаќам за дебелото јаже и се качувам по него кон магли.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Козите поживо од сите го враќаа него кон вистината за заедничкиот сон. – Ех, како се измешаа времињата! – извика Чанга. – Се измешаа, се измешаа! – И сега козите го враќаат човекот кон првиот сон, кон старата заедница, го спасуваат. Татко ми и со ова се согласи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)