Малата Колин изгубена меѓу бројните фељтони за Битлсите, со мноштво нови, непознати детали, меѓу изјавите на бившите, дотогашни, идни претседатели на САД за „неочекуваната и голема загуба“, изгубена меѓу урамените фотографии, амблеми, привезоци, постери, маички со Џоновиот лик, меѓу „give peace a chance“ меѓу пет луксузни стана се вкупно 25 соби во хотелот „Дакота“, меѓу неваботениот дојденец од Хавана, кој шест часа пред да го убие својот идол, ја добива од него последната лонг-плејка со автограм.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Маказар се суши, се исцедува од него последната влага, течност нема, крв не остана во неговите жили.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)