Кога синот исчезнуваше во зградата, мајката стануваше, и лицето веќе ѝ беше потполно изменето (како на него одеднаш да се спуштила некоја несреќа, но не нова, тукушто дознаена, туку некоја долга несреќа, која веќе не предизвикува ужаснување туку се носи со некакво помирување кое во себе има само мачнина), и со уморни очи, и исто такви движења, се упатуваше кон излезот од Гнездо. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Додека во неговата ординација бев седнат спроти него одеднаш доктор Настев ја извади минијатурната шупелка од фијоката, ја разгледа внимателно како да ги бара нејзините загубени звуци а потоа на чуден начин си поигруваше со прстите по нејзините дупчиња.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Како некаква бездна да зјае помеѓу оние кои меѓусебе се сметаат за нормални, и оние кои нормалните ги прогласиле за луди.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)