Праволиниското време не зависи од човекот, тоа започна да тече од Биг Бенг наваму - гарантен рок на целокупниот космос, секако со Ајнштајнови исклучоци и модификации, кои не ја исклучуваат основната специфика за праволиниското време: невозможноста човекот да има некакво влијание врз него.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Дали тоа што знаеше да разликува добар од лош чај, "прашина" од листови Камелија синенсис од врвен Оринџ пеко, имаше некакво влијание врз минуциозноста на нејзиниот опис на урбаните пејсажи, и дали одбивноста кон институциите, јасно воочлива во расказите, можеби се должеше на тековната наследна постапка за имотот на нејзиниот вујко, на која не ѝ се гледаше крајот.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)