Одненадеж како од некаква длабочина му дојде познат глас и почувствува силен допир: „Ако сакаш можеш до мене да седнеш“, тоа беа гласот и допирот на Теми.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Кога ќе се гледаше во тоа лице, секогаш се имаше некаков впечаток како на него да недостасува нешто, некој свиок на некоја брчка или некаква длабочина, или можеби некаква цврстина, што би го собрала него во една целина, која што продолжува упорно да недостасува и колку да се мачеше човек да ја бара на тоа лице, загледан во него.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)