Се чини како оваа древна старица да дошла ваму, со последни сили пред заповедта на смртта, да им предаде некаква порака, некаков завет ли или спасоносен совет. познат само нејзе, на овие луѓе од нејзина крв.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Сега синот, со дулбијата, допираше подалеку од видното поле на својот татко. Како да прекршуваше некаков завет.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Додека беше жив Татко, колку и да ги следев неговата судбина, неговиот живот и неговиот работен тек, особено во откривањето на сиџилите, небаре почитував некаков завет, даден пред него, во своите потраги, го заобиколував неговото цариградско време и местото на Фатхи-беј Окијар во неговиот живот.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)