Зад прозорецот, на работ од селото, видикот завршуваше со необјаснива посребреност на црногорицата и со некаква замагленост зад која немаше ни минато ни иднина. на црковните кубиња, поточно на крстовите што се креваа над поцрнетите покриви на бе з ред градените куќи, стоеја омрцлавени чавки со претчувство на блиска и долга есен.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)