Беа тоа луѓе од посебен сој, целосно предадени до крајот на животот на универзалната дипломатијата, која ги трансцендираше националните граници и ограничувања, понесени од некаков идеал, кој сѐ помалку станува разбирлив во овие времиња, далеку од секаква материјална компензација или некаков друг профит!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тие официјално и не се есапеа, но морално беа тука, готови да служат на мисијата по нејзиното објективно завршување.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Сфатив дека залудно сум верувала дека постојат некакви идеали за љубовта и, воопшто, во животот.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)