На завртувањето погледот ѝ се сретна со очите од Крлета и само ги наведоа главите и продолжија напред, а Бојана позабрза и пред самата порта на Бисера ги стигна. Сите три фрлија поглед во дворот на Бисера и како нарачан го видоа поп Петка под лозницата — седи замислен, со некакви исчекувања.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Пред плевната на баба Донка седеа Стевчо и Иван. Обајцата трепереа од некакво исчекување.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)