Но, сега, Татковото присуство, неговата егзотична појава, откако ги вознемири партиските власти, поради неговиот непартиски статус, ги збунуваше муслиманските верници, токму поради спротивното, сметајќи го Татко за партиски функционер, дојден со некаква итрина, да ги лиши нив од светите книги кои, еве, со векови, не ги допрела човечка рака.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)