На почетокот тоа ништо не ми значеше, дури, во извесна смисла го сфаќав и како еден вид понижување, како одмазда која ми ја смислил Јан Лудвик; но по извесно време почнав да тонам во некакви непознати длабочини; мислев дека ќе се онесвестам, оти пред мене почна да се јавува некаква непозната светлина.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Сепак никој од дружината не знаел што им рекла на стројничките Фиданка Кукникова а тој, додека попот, пијан и плачлив, ловел под мантијата болва, станал прерано весел.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
А таа си живееше со малку, со сѐ помалку. Ќе си надробеше попара со млеко или со јогурт, ќе си направаше некаква непозната супа со секакви тревки кои ги купуваше од селанките на пазарот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Околу него и од камен жугале златнокруни јаглики и некакви непознати цветни ѕвончиња над чии лилави и сини и румени зраци се споулавувале свиленокрили пеперуги.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)