Марина многу ретко навраќаше од училиште кај нив, повеќе чувствувајќи некаква обврска.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Во Скопје секој некаде брза, секој има некакви обврски, сите сме распрскани на разни страни и никогаш не се случило во исто време четворицата да уживаме, долго и непречено, во читањето.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Значи: имаше нешто меѓу нас, но имаше и нешто помеѓу нас како пречка, нешто што ја спречуваше Луција да ми се предаде; не беше возможно таа млада девојка, за која и денес знам дека ме посакуваше, не беше возможно велам, да не биде со млад маж само затоа што има некакви обврски, кои сите ги имаме, секој ден.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Јас ја читав „Страдата на младиот Вертер”, брат ми имаше собрано цел куп огромни книжишта и имаше направено план сите да го прочита до денот на заминувањето во Франција, каде што одеше на реновирање на стари замоци и цркви и на учење на јазик.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)