Секогаш кога говорот, движењето, однесувањето или предметите пројавуваат некаков отклон од најдиректниот, најкорисниот, најбезразумниот начин на изразување и на суштествување во светот, можеме да сметаме дека имаат „стил“ и дека се и автономни и примерни.391
Токму затоа што стилот е отклон од нормата и начин на автономно постоење, бидејќи истовремено е и чуден самиот по себе и пример за себе – бидејќи самиот за себе си е нешто настрано – ете, токму затоа е тешко да му се објасни значењето.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И токму како што голем број уметнички дела што силно ни го привлекуваат вниманието се нечисти или мешовити во однос на стандардот што го предлагам, исто толку нешта во нашето искуство кои не би можеле да се подведат под поимот уметнички дела имаат некои својства на уметнички предмети.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А тоа е причината поради која и предметите на културните студии се до лудило тешки за анализа.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Како што Зонтаг напишала во „За стилот“ наредната година:
Стилот е поим што важи за секое искуство (било да зборуваме за неговата форма, било за неговите својства).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)