Токму во тие години, ја почувствував величината на Татковата борба со сиџилите, во која доживуваше некаква победа која само тој ја разбираше, но, подоцна, го почувствував и поразот што му беше наложен од оние на кои токму откриените сиџили требаше да им ја осветлат историјата, да им го повратат загубеното минато.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Прв пат чекореше со чувството на некаква победа чија смисла ја знаеше само тој, во својот дотогашен живот на порази, пренесувајќи се до последниот цариградски ден, кога ја напушташе Турција.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Можеше да го преврти говорот во вообичаена осуда на предавниците и на мислопрестапниците, но тоа ќе беше премногу очигледно; додека, пак, да измисли некаква победа на фронтот, или некаков триумф во натфрлањето на Деветтиот тригодишен план, би можело премногу да ги искомпликува документите.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)